Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонскиот “Сплав Медуза”!

0
By Marija Todorovska on January 6, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 6, 2025 12:14
Таа војна сдсм ја загуби без борба. И во тој пораз без борба лежи изворот на нивната трагедија која е трагедија на целата нација. Тој пораз не беше идеолошки или политички испровоциран иако и во таа смисла имаше проблеми, но монополот врз перилницата на мозоци и пари препуштен на вмро, мораше да заврши вака како што заврши. Заедно со партиската депресија, страната на очајници ја збогатуваат резигнираните, незадоволните, професионалните катастрофичари итн.

Бранко Тричковски
Напредокот на човештвото не би бил можен без постојана пресметка меѓу очајниците и оптимистите.
Денеска светот е исправен пред судир во кој очајниците мислат дека се оптимисти, а оптимистите се повеќе се прешалтуваат на страната на очајниците.
Низ историјата се случувало очајниците на своевиден начин да се во функција на прогресивната страна затоа што со своето верување ја одржувале во движење светската револуција на неповратниците. Тие во одредени околности биле спремни да се откажат од својот потфат во кој ниту тие ниту тие што им биле блиски не можеле да сонуваат дека се победници. Нивната парола била и е: сопрете ја историјата, парола која апокалиптичарите, трагичарите, дефетистите и пензионерите ги претвора во сојузници. Со тоа што здружената инерција на конзервативците, поразените и нивните летерарни трибуни, малку што успеа да направи против ослободената визионерска енергија на проектантите и претприемачите-шарлатани, кои живеат од продуктивни заблуди и на кои секогаш одново им поаѓа од рака околу себе да изградат империја од среднорочни самоизмами.
Како во Нордот, на пример!
Тој судир и денеска е обоен со фаталност која ќе однесе не малку жртви, но во крајна линија, мислам, ќе се претвори во погонско гориво на просперитетот.
Земете го примерот на Македонија и ќе видите дека веселиот и шуплив оптимизам на вмороните, всушност е жива претстава на очајници кои мислат, а можеби и веруваат, дека ако ја сопрат историјата и ако се вратат старите стандарди за фамилијата, за традицијата, за фолклорот, за народната односно дезелитизирана култура, за националната доминација, против наводно оттуѓувачките моќи на Европа, ако децата ја слушаат и пеат химната во школите, Македонија ќе процвета.
Магелан би ги фрлил во океанот.
Како што пред бреговите на Патагонија ги погубил бунтовниците кои почнале да се сомневаат во смислата на експедицијата кон зачинските острови на запад која ќе прерасне во прво патување околу светот.
Истата решителност морал да ја покаже и Васко да Гама пред бунтот на екипажот на својот брод пред источниот брег на Африка со тоа што тој не ги погубил очајниците туку им ги фрлил во океанот компасите и другите навигациони алатки за да не можат да ги знаат параметрите кои почнале да ги возбудуваат и плашат.
На Жериковата слика “Сплавот Медуза” недвосмислено е прикажана разликата меѓу прогресивната и регресивната психологија. На неа јасно се раздвоени депресивната група на левата страна на сплавот (што е чудно со оглед на тоа дека пригресот секогаш бил лева идеја) и групата исполнета со надеж- на десната страна. Соочени со крајни околности тие бродоломници го решаваат конфликтот кој е конститутивен за целокупниот нов век- конфликтот меѓу надежта и очајувањето.
Техничкиот напредок ја засилува таа поделба со тоа што по природата на нештата им дава предност на песимистите право пропорционално со зголемените можности за напредок.
Земете ги резервите па дури и паниката околу вештачката интелигенција или светските движења за враќање кон сувереноста и традицијата наспроти елементарните потреби за отвореност и модерност, движења во кои Македонија многу успешно се вклопува и ќе ви стане јасно дека зад декларациите за среќата во идејата за сопирање на историјата се крие вистинска трагедија.
И во светот и кај нас.
Кај нас особено.
Осипувањето на прогресивните сили пред поразот на осми мај и по таа катастрофа е резултат на драматично погрешни осмошколски, би рекол, анализи. Нивната идеја за приближување до простата маса, односно откажувањето од идејата таа маса да се просветува и просветлува низ авснгардната улига на прогресивците може навистина да заврши со крај на македонската историја. Не можам да најдам зборови за да го искажам својот став и расположение во врска со тие трагични отиентации на тоа што се уште, не сосема оправдано, го викаме левица.
На македонскиот “Сплав Медуза” десните очајници кои се побројни и лажно се претставуваат како оптимисти, треба да се остават под тежината на своето вистинско битие да испопаѓаат и исчезнат во океанот на времето и историјата. Оти ако и левата страна им се придружи нема сомневање дека сплавот ќе се преврти и разбие.
Глобализационата кампања, претставува перманентна војна за групнохипнотичките ориентациони средства па според тоа и за програмската моќ во мас медиумите и за конститутивната моќ во фирмите.
Таа војна сдсм ја загуби без борба.
И во тој пораз без борба лежи изворот на нивната трагедија која е трагедија на целата нација. Тој пораз не беше идеолошки или политички испровоциран иако и во таа смисла имаше проблеми, но монополот врз перилницата на мозоци и пари препуштен на вмро, мораше да заврши вака како што заврши.
Заедно со партиската депресија, страната на очајници ја збогатуваат резигнираните, незадоволните, професионалните катастрофичари итн.
Сето тоа има актуелни извори и објаснувања, но до вистинскиот одговор за односот на силите нама да дојдеме ако не кажеме дека главниот извор е плитката историја и поврзано со тоа лошата структура на нацијата во секој поглед, културен, ментален, психолошки, граѓански, морален, интелектуален…
Тоа пак ја наметнува потребата од соочување со себе.
Одбивањето на тој момент сега е предност за регресивците, но бргу може да се претвори во предност за прогресивците. Тие немаат друга опција како што и вмороните немаат друга опвија исвен да си ја скршат главата од острите карпи на времето и историјата. Се разбира дека во таков безмалку детерминиран да не речам фаталистички развој, Македонија ќе настрада, но да се надеваме,не толку за да не може да преживее и да се обнови.
Од Фејсбук ѕидот на авторот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.