Во Косово ќе се избира нов парламент. Додека во насловите доминира конфликтот со Србија, особено помладите Косовци имаат други грижи. Сѐ поголем број од нив си ги пакува куферите.
Косовскиот главен град Приштина деновиве оддава впечаток на голема, шарена градина со слики. На уличните светилки и на ѕидовите има плакати со насмеани лица на политичари кои со впечатливи пароли сакаат да останат во главите на минувачите за да ги изберат токму нивните имиња и партии на гласачките ливчиња.
В недела (9.02.2025) во Косово, најмладата држава во Европа со просечно најмладо население, ќе се одржат редовните парламентарни избори. Се работи за избори во многу турбулентни времиња за Косово. Конфликтот со Србија станува сѐ позаострен, а српскиот претседател Александар Вучиќ има сѐ поагресивен настап кон Приштина. Косовска влада под водство на премиерот Албин Курти се соочува со зголемено противење од ЕУ и САД затоа што не сака да биде притискана за „зделки“ со Србија, туку инсистира на спроведување на национални суверени права, почнувајќи од сопствени регистарски таблички на автомобили па сѐ до укинување на српската паралелна валута, динарот, во некои делови од земјата.
Меѓутоа, 21-годишната Бесарта Јашари има други проблеми. Новинарката од приватната радио-телевизија РТВ 21, стои во центарот на Приштина, недалеку од преголемата слика на основачот на косовската држава Ибрахим Ругова, кој почина во 2006 година. Таа посакува социјални промени. „Недостатокот на работни места и ниските плати ги принудуваат луѓето да емигрираат“, вели таа и додава дека „исто така треба да се подобри здравствениот систем, бидејќи овде премногу луѓе се принудени да патуваат во странство за да се лекуваат. Би си посакала и девојките и младите жени овде да имаат поголеми шанси“.
Таа гледа наоколу и покажува на многуте изборни плакати. „Во политиката секогаш доминираат истите стари личности, со малку простор за млади гласови кои носат свежи перспективи и прогресивни идеи. И на актуелните парламентарни избори ниту една партија не кандидира жена за премиер“, вели новинарката.
Младата новинарка Бесарта Јашари посакува социјални промениФотографија: Vjosa Çerkini/DW
Први редовни избори по долго време
Косово пред парламентарните избори: од една страна регионални и геополитички проблеми на земјата, кои доминираат во насловите на домашните и странските медиуми, а од друга страна перспективата на многу млади во земјата, кои долго време се надеваат на социо-економски промени.
Претстојните избори во Косово се првите регуларни по прогласувањето на независноста во февруари 2008 година. Оттогаш до 2021 година имаше само предвремени избори. Се избираат пратеници за еднодомниот парламент со 120 места, од кои 20 места се резервирани за пратениците на националните малцинства, вклучувајќи 10 места за пратениците на косовските Срби. До изборите во 2021 година владееја коалиции на партиите ПДК (Демократска партија на Косово) и ЛДК (Демократска лига на Косово), предводени од лидерите на движењето за независност во 1990-тите години.
Парламентарните избори во 2021 година означија пресврт. Победник беше левичарското национал-социјалдемократско движење Самоопределување со лидерот Албин Курти, поранешен предводник на студентите и политички затвореник во времето на српскиот диктатор Слободан Милошевиќ. Денес 50-годишниот Курти се кандидира за реизбор.
Радикална промена на курсот
Од 2021 година, Курти направи радикална промена на курсот во надворешната политика на Косово. Додека сите претходни влади дејствуваа само во тесна координација со меѓународната заедница, особено со САД – или, како што Курти и неговата партија тоа го сфаќаат, по налог на странски земји – Приштина од 2021-та дејствува главно независно. Главна заложба на Курти е спроведувањето на целосен косовски суверенитет со сите негови симболи во однос на Србија и еманципација од силите заштитнички на Косово, чија политика Самоопределување ја смета за „колонијалистичка“.
Од 2011 година ЕУ се обидува да ги придвижи поранешните воени непријатели Србија и Косово да ги нормализираат своите односи преку таканаречениот дијалог за нормализација. Дури и пред Курти да ја преземе функцијата во 2021 година, дијалогот во голема мера беше замрзнат, а од 2021 година практично и го нема. Србија не сака да го признае конечниот суверенитет на Косово, додека Косово се противи да направи трајни отстапки за Србија што ќе му дадат можност на соседот да се меша во политиката на земјата.
Насилни инциденти и напади
Еден од главните проблеми е создавање на Заедница на доминантно српски општини во Косово со колективни и одредени автономни права. За возврат, Србија треба да ја прекине својата политика на блокада за да може Косово да стане членка на меѓународните организации како ОН. Иако во изминатите години ништо не се придвижи, Курти уште по самото стапување на функцијата почна да ја спроведува својата политика за суверенитет, како забраната на српската валута динар како платежно средство на северот на Косово, каде што живеат главно Срби.
Србија и српските паравоени сили на северот на Косово во неколку наврати одговорија со распоредување војници на границата, сериозни инциденти со насилство и наводно и терористички напади, така што во некои случаи мораа да интервенираат дури и заштитните сили КФОР на НАТО.
За многу луѓе во земјата, особено за помладите, овие теми од насловите, меѓутоа, не се главното прашање, туку се тоа лошите социо-економски услови. Невработеноста кај групата млади на возраст до 24 години, на пример, е околу 33 проценти. Корупцијата е сè уште голем проблем – иако Курти и неговата партија победија на изборите пред четири години со решителна антикорупциска програма.
Егзодус на Косовците
Политикологот Неџмедин Спахиу го сумира расположението. „Младите на Косово немаат трпение да чекаат државата да се развива. Сакаат сигурни работни места и општество во кое ќе бидат вреднувани врз основа на нивните заслуги, а не врз основа на партиска припадност или близина до власта“, вели Спахиу.
Тоа го потврдува и Леа Хоџај, 18-годишна девојка од Приштина која студира применета економија и менаџмент. Таа годинава за првпат може да гласа на избори. Во однос на своите очекувања од власта вели дека „треба да отворат нови работни места, да ја поддржуваат младината и да обезбедат образовниот систем да биде подобро опремен и со квалификувани наставници, како и со наставни материјали“.
Ако адресатите на Леа Хоџај не ги сфатат сериозно ваквите барања, Косово наскоро би можело да се соочи со многу посериозен проблем од конфликтот со Србија и меѓународната заедница – сѐ поголемиот егзодус од земјата. Како резултат на долгоочекуваниот безвизен режим со земјите од ЕУ од почетокот на 2024 година, и онака намалениот број на жители дополнително опадна, а просечната возраст на оние што остануваат во Косово се зголеми. Тоа значи дека помладите луѓе бегаат од државата.
Косовскиот главен град Приштина деновиве оддава впечаток на голема, шарена градина со слики. На уличните светилки и на ѕидовите има плакати со насмеани лица на политичари кои со впечатливи пароли сакаат да останат во главите на минувачите за да ги изберат токму нивните имиња и партии на гласачките ливчиња.
В недела на 9. 2.2025, во Косово, најмладата држава во Европа со просечно најмладо население, ќе се одржат редовните парламентарни избори. Се работи за избори во многу турбулентни времиња за Косово. Конфликтот со Србија станува сѐ позаострен, а српскиот претседател Александар Вучиќ има сѐ поагресивен настап кон Приштина. Косовска влада под водство на премиерот Албин Курти се соочува со зголемено противење од ЕУ и САД затоа што не сака да биде притискана за „зделки“ со Србија, туку инсистира на спроведување на национални суверени права, почнувајќи од сопствени регистарски таблички на автомобили па сѐ до укинување на српската паралелна валута, динарот, во некои делови од земјата.
Меѓутоа, 21-годишната Бесарта Јашари има други проблеми. Новинарката од приватната радио-телевизија РТВ 21, стои во центарот на Приштина, недалеку од преголемата слика на основачот на косовската држава Ибрахим Ругова, кој почина во 2006 година. Таа посакува социјални промени. „Недостатокот на работни места и ниските плати ги принудуваат луѓето да емигрираат“, вели таа и додава дека „исто така треба да се подобри здравствениот систем, бидејќи овде премногу луѓе се принудени да патуваат во странство за да се лекуваат. Би си посакала и девојките и младите жени овде да имаат поголеми шанси“.
Таа гледа наоколу и покажува на многуте изборни плакати. „Во политиката секогаш доминираат истите стари личности, со малку простор за млади гласови кои носат свежи перспективи и прогресивни идеи. И на актуелните парламентарни избори ниту една партија не кандидира жена за премиер“, вели новинарката.
Први редовни избори по долго време
Косово пред парламентарните избори: од една страна регионални и геополитички проблеми на земјата, кои доминираат во насловите на домашните и странските медиуми, а од друга страна перспективата на многу млади во земјата, кои долго време се надеваат на социо-економски промени.
Претстојните избори во Косово се првите регуларни по прогласувањето на независноста во февруари 2008 година. Оттогаш до 2021 година имаше само предвремени избори. Се избираат пратеници за еднодомниот парламент со 120 места, од кои 20 места се резервирани за пратениците на националните малцинства, вклучувајќи 10 места за пратениците на косовските Срби. До изборите во 2021 година владееја коалиции на партиите ПДК (Демократска партија на Косово) и ЛДК (Демократска лига на Косово), предводени од лидерите на движењето за независност во 1990-тите години.
Парламентарните избори во 2021 година означија пресврт. Победник беше левичарското национал-социјалдемократско движење Самоопределување со лидерот Албин Курти, поранешен предводник на студентите и политички затвореник во времето на српскиот диктатор Слободан Милошевиќ. Денес 50-годишниот Курти се кандидира за реизбор.
Радикална промена на курсот
Од 2021 година, Курти направи радикална промена на курсот во надворешната политика на Косово. Додека сите претходни влади дејствуваа само во тесна координација со меѓународната заедница, особено со САД – или, како што Курти и неговата партија тоа го сфаќаат, по налог на странски земји – Приштина од 2021-та дејствува главно независно. Главна заложба на Курти е спроведувањето на целосен косовски суверенитет со сите негови симболи во однос на Србија и еманципација од силите заштитнички на Косово, чија политика Самоопределување ја смета за „колонијалистичка“.
Од 2011 година ЕУ се обидува да ги придвижи поранешните воени непријатели Србија и Косово да ги нормализираат своите односи преку таканаречениот дијалог за нормализација. Дури и пред Курти да ја преземе функцијата во 2021 година, дијалогот во голема мера беше замрзнат, а од 2021 година практично и го нема. Србија не сака да го признае конечниот суверенитет на Косово, додека Косово се противи да направи трајни отстапки за Србија што ќе му дадат можност на соседот да се меша во политиката на земјата.
Насилни инциденти и напади
Еден од главните проблеми е создавање на Заедница на доминантно српски општини во Косово со колективни и одредени автономни права. За возврат, Србија треба да ја прекине својата политика на блокада за да може Косово да стане членка на меѓународните организации како ОН. Иако во изминатите години ништо не се придвижи, Курти уште по самото стапување на функцијата почна да ја спроведува својата политика за суверенитет, како забраната на српската валута динар како платежно средство на северот на Косово, каде што живеат главно Срби.
Србија и српските паравоени сили на северот на Косово во неколку наврати одговорија со распоредување војници на границата, сериозни инциденти со насилство и наводно и терористички напади, така што во некои случаи мораа да интервенираат дури и заштитните сили КФОР на НАТО.
За многу луѓе во земјата, особено за помладите, овие теми од насловите, меѓутоа, не се главното прашање, туку се тоа лошите социо-економски услови. Невработеноста кај групата млади на возраст до 24 години, на пример, е околу 33 проценти. Корупцијата е сè уште голем проблем – иако Курти и неговата партија победија на изборите пред четири години со решителна антикорупциска програма.
Егзодус на Косовците
Политикологот Неџмедин Спахиу го сумира расположението. „Младите на Косово немаат трпение да чекаат државата да се развива. Сакаат сигурни работни места и општество во кое ќе бидат вреднувани врз основа на нивните заслуги, а не врз основа на партиска припадност или близина до власта“, вели Спахиу.
Тоа го потврдува и Леа Хоџај, 18-годишна девојка од Приштина која студира применета економија и менаџмент. Таа годинава за првпат може да гласа на избори. Во однос на своите очекувања од власта вели дека „треба да отворат нови работни места, да ја поддржуваат младината и да обезбедат образовниот систем да биде подобро опремен и со квалификувани наставници, како и со наставни материјали“.
Ако адресатите на Леа Хоџај не ги сфатат сериозно ваквите барања, Косово наскоро би можело да се соочи со многу посериозен проблем од конфликтот со Србија и меѓународната заедница – сѐ поголемиот егзодус од земјата. Како резултат на долгоочекуваниот безвизен режим со земјите од ЕУ од почетокот на 2024 година, и онака намалениот број на жители дополнително опадна, а просечната возраст на оние што остануваат во Косово се зголеми. Тоа значи дека помладите луѓе бегаат од државата. Линк