Вечерва во Скопје се одржа 34-тата седница на Извршниот комитет на Либералната партија на Македонија.
На седницата беше едногласно одлучено ЛП самостојно да настапи на претстојните локални избори со кандидатски листи за членови на совети на општините, како и за Градот Скопје.
Верификувајќи ги листите на кандидати, Извршниот комитет заклучи дека ЛП ќе истакне и кандидати за градоначалници во неколку општини.
ЛП ќе настапи на локалните избори со слоганот: „Имам став!“.