НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателката на Комора на психолози: Погребот ќе биде како нова траума

0
By Marija Todorovska on March 20, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските психолози имаат искуство во давањето помош и психолошка поддршка на лицата кои настрадале во различни несреќи, со оглед што досега имаше неколку поголеми трагедии како поплавата во Стајковци, големите пожари во источниот дел од државата, помагањето на настраданите во земјотресот во Турција и слично, истакнува претседателката на Комората на психолози на Македонија, Мирјана Јовановска Стојановска во интервјуто за МИА. Сепак, трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани е поинаков случај од досегашните, не само поради големиот број настрадани, туку и затоа што дојде како шок и траума за сите граѓани во државата и пошироко.

Сето тоа досега беше некако поизолирано, со помал број луѓе, а ова е нешто што ја погоди целата земја. Јас сум сигурна дека не е само Кочани, не е само Штип, не се само околните места, туку мислам дека сите граѓани во нашата држава се погодени од ова. Ќе помине време и полека, полека ќе ни треба на сите да седнеме и за поразговараме, затоа што гледам во моментов колку помош им треба на помагачите. Договорив со пожарникарите и со други екипи, оние што вечерта работеле во расчистување, помагале и спасувале, самите бараат да дојдеме и да разговараме со нив затоа што не се чувствуваат добро после тоа, вели Јовановска Стојановска во интервјуто за МИА.

После тој шок за сите, по загинувањето на младите луѓе, Јовановска Стојановска вели, поминуваат денови и некако луѓето ја имаат постојана таа мисла и идеја, порака дека се случи трагедија.

Погребот ќе биде како нова траума, не ретрауматизирање, значи не повторување на истото, туку сега е нешто ново затоа што погребите ќе бидат заеднички. Можеби од една страна е нешто добро затоа што кога ќе бидеме заедно, едни со други, ќе се поддржиме и ќе си помогнеме. Јас се надевам дека сето тоа така ќе излезе, човечки и достоинствено да си помогнеме едни на други, да го поминеме ова, изјави Јовановска Стојановска.

Јовановска Стојановска, посочува дека од понеделник ќе почнат со работилници и организирана психолошка помош во неколку училишта и градинки, кои веќе побарале помош.

градинки Комора на психолози траума училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.