Љубомир Костовски: Имаме џипови, деца немаме! Насловот е извлечен од говорот на еден од учесниците на протесниот собир во Кочани. Колку што денес слушнав во овој град постои само едно одделение – деветолетка во градот. Од нив треба да заминат во една од трите средни училишта во градот?! Како таму ќе се основаат паралелки? Кочани за една деценија од град со 35 илјади население се симна за близу 10.000. Ова е сликата на градот во кој сепак бројот на џиповите не е невпечатлив. Бизнисот оди?! А министерката за образование се заканува дека 2.000 наставници во земјава биле вишак во рамки на опомената да не брануваат многу (со платите) па лесно може да се случи да останат без работа.