Темелко Ристески: Благодарение на социјалните мрежи, а пред се на Фејсбук, на површина излезе сета будалаштина на светот. Се чини дека скоро секој човек: ук и неук, паметен и глупав, сака нешто да каже или со клик да потврди. При тоа најхрабри се неуките и недоволно уките, како и оние со плитка памет. Генијалниот Достоевски прорекнал дека ќе дојде време во кое паметните ќе отстапуваат пред плиткоумните. Тоа време се наоѓа на отворената порта на човештвото.
Извор: Фејсбук