Со што покажуваме нула државотворна и национална самосвест односно дека тоа што за нас го зборуваа и пишуваа нашите “душмани” не се злобни лаги, туку аргументирани вистини.
Бранко Тричковски
Ставот дека македонскиот народ бил жртва на транзицијата и во транзицијата и внатре, преку таканаречените отстапки и компромиси во статусните прашања кон Албанците и спрема надвор, со самооткажувањата во процесот на евроинтеграциите, процеси кои наводно довеле до таканаречениот “помор на македонскиот род” (Коцарев), се платформа врз која се градат трагичните и, веројатно, фаталните дезориентации на една млада нација и тоа пред целта на своето историско исполнување како државен и национален феномен.
Сите три субјекти во националното единство во смртта-владеачката партија, ману и главните мајстори во олигархиската ложа-немаат ментални капацитети да разберат дека компромисите и отстапките, односно споделувањето на парчиња од статусните монополи, беа единствената валута со која Македонците можеа да купат време и да ги платат патарините кон дестинацијата на која можеа да добијат валидна лиценца за својата “шупа” за наредните сто години.
Немаа ништо друго.
Интегрирањето на Албанците и приближувањето до Европската Унија беа милион пати повредни дострели во македонското чекорење, постоење и нужно модернизирање, од сите “губитоци” во преамбулите и уставите.
Губитокот, кој простиот Македонец и уште попростата политичка и економска, па и културна, репрезентација од вморонски тип, го прогласија за причина да се закочи процесот на внатрешната интеграција и надворешната валоризација, се додека светот не и пружи на Македонија задоволителни сатисфакции (гаранции, замислете), беше највисок дострел во македонската историја.
Македонците беа како планинари под Монт Еверест, кога оваа шаренило од простоќа, злоба, а јас верувам и од лоши намери и токсични потенцијали, реши да не повлече долу во Катманду да сме ја ремакедонизирале Макединија со чај од илузии, глупави и лажни митови, демек, да сме им покажале на Албанците кој е газда во Македонија, а на Европа колку прост свет живее тука.
Да, драги пријатели, нацијата ја претвораат, а и таа самата се претвора, во фолклорно друштво за песни ора и пијачки. Тоа е малку тажничко, ама повеќето луѓе уживаат во таа смрт, речиси па како во секс или во лет со параглајдер!
Со што покажуваме нула државотворна и национална самосвест односно дека тоа што за нас го зборуваа и пишуваа нашите “душмани” не се злобни лаги, туку аргументирани вистини.
Враќањето на Македонија на Македонците е проект кој во суштина значи крај на македонскиот национален и државен проект, разградување на државниот статус и определба за замена на државата за резерват.
Невозможна работа.
И поради тоа што како флека се симнавме од европската маса и поради тоа што со омразата кон Албанците не се прочистуваме како нација туку од себе правиме флека од г…о кое историјата го исчистила од своите координати.
Влегуваме во стечајна потапка во која нема да ни остане ништо. Значи, не што нема да се ремакедонизираме и нема да дозволиме никој да не з….а, туку, нема да не има. Вредносно, морално, интелектуално, културно, економски разорена нација, која со надчовечки напори успеа да ја загуби смислата за себе.
Како мала морска желка која наместо кон светлто на месечината што се одбива од морските бранови, тргнала кон светлата на околните хотели.
Во смрт.
Тие светла за македонските желки се светите букви на вмро.
Од Фејсбук ѕидот на авторот