Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Суспендирана демократија – локална контрола

0
By Zoran Ivanov on May 13, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 13, 2025 12:37

За ситуацијата да биде уште побизарна, повикување на одредба од 1995 година, за закон кој е составен дел на Охридскиот рамковен договор, уставно вграден во 2002 година, е еднакво индикативна за контрола и суспендирање на “независна локална власт”, директно избрана од граѓаните; и ја отвора дилемата за комплетирање на “разградувањето” и компромитирање на Охридскиот рамковен договор и на клучната, локална власт?

 Никица Корубин

Во “демократијата” владее “демосот”, а “демосот” во антиката, се луѓето, во старата Атина, оние што имаат статус на “граѓани” односно “жители” на Атина, и имаат право на глас и право да ја бираат власта. Не се сите “демос”, но тие што се “демос” го имаат највисокото право: правото на избор.

И токму тоа е суштината и на модерната демократија – правото на избор, кое е неприкосновено. Тоа е самата демократија, сите граѓани со право на глас, директно ги бираат своите претставници во власта: локална, централна, претседателска. И потоа избраните “владеат”, односно управуваат со власта во нивно име.

Кај нас, во нашата парламентарна демократија, тоа се – пратениците, претседателот, градоначалниците и советниците. Сите се избираат на директни и непосредни избори, и ја претставуваат, во точно одреден мандат, ултимативната воља на “суверенот”: граѓаните.

Од каде тогаш “идејата” на именуваните лица (владата), преку избраните лица (пратениците), односно дел од власта, да предложи суспендирање на неприкосновеното право на избор и извршување на функцијата, на друга власт (локалната), надвор од конкретни, законски предвидени причини, преку предлог за промена на Законот за локална самоуправа, за “отповикување на избран градоначалник” на непосредни и директни избори?

Како “се мери” причината за отповикување – “недопадливост, самостојност, слободоумност, неподобност”? И во каков (заробен) амбиент и дискурс, по примерот на ефективната пропаганда на “контролираниот” јавен простор, ќе се врши ‘отповикувањето”? И каква е оваа “партиска воља” за директно суспендирање на суштината на демократијата во само еден дел (оној што не може да се контролира) – изборот на градоначалник, но не и изборот на советници?

Ако “идејата” е произлезена од “поведението” на актуелната градоначалничка на Скопје, чија “вина” за нефункционирање се препишува исклучиво на неа, а не на советот кој го има финалниот збор; повеќе говори за неможноста за воспоставвуање на целосна (партиска) контрола, отколку на “грижа за нефункционирање”.

Или со зборовите на предлагачот, министерот за локална самоуправа (односно извршната власт), зошто се бара “силен, но истовремено демократски, фер и правичен механизам за осигурување на отчетност” за градоначалникот, ама не се бара “силен, но истовремено демократски, фер и правичен механизам за осигурување на отчетност” и за советниците, кога моќта на советот е поголема и одлучувачка? Еден градоначалник може да се “одметне”, ама партиските советници сигурно сите не?

За ситуацијата да биде уште побизарна, повикување на одредба од 1995 година, за закон кој е составен дел на Охридскиот рамковен договор, уставно вграден во 2002 година, е еднакво индикативна за контрола и суспендирање на “независна локална власт”, директно избрана од граѓаните; и ја отвора дилемата за комплетирање на “разградувањето” и компромитирање на Охридскиот рамковен договор и на клучната, локална власт?

Нискиот праг за иницирање на референдум за отповикување на демократски избран претставник на граѓаните, и безобразно ниската потребна излезност е сликовит приказ за вистинското разбирање на суштината на демократијата и “авторитарната, партиско-партократска рамка” во која таа се вградува. Тоталитарна демократија.

“Логичниот” заклучок во целата оваа нелогичност, е зошто само можност за отповикување на градоначалник, а не и на претседател или пратеник; не’ води до клучното прашање – за што е потребна оваа “екстра контрола” под превезот и мамката на “граѓаните да одлучат” – во систем на “заробена држава” која секако ја има речиси целата (партиска) контрола на изборниот процес – да превенира, а по потреба и да “казни” било каков изблик на “независност или непослушност”?

Да видиме колку нашата “елита” – партиска, судска, академска, медиумска, експертска – ја разбира и ја практикува демократијата и уште поважно, создава услови за развој на истата. Колку ја злоупотребува, а колку ја употребува. Колку го разбира нејзиниот дух, слободата на изборот, на делувањето и на мислата. И колку и дали може, да биде демократска, без да го “заробува” системот?

Од Фејсбук ѕидот на авторката

 

колумна Никица Корубин ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.