НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лажниот мит за зголемување на БДП со трократно „вртење“ на парите: Непродуктивното задолжување за брзата пруга

0
By Zoran Ivanov on June 27, 2025 ОПШТЕСТВО, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Важно! Кога јавниот долг расте побрзо од БДП (во случајот со пругата долгот за 5 години ќе порасне за 1,7 милијарди евра, а БДП ќе порасне само за 330 милиони евра), а мултипликаторот на државното трошење е под 1 (во примерот со едно „вртење“ е 0,167, а со бесконечно многу „вртења“ 0,208, како што ќе видиме подолу), секоја нова инвестиција финансирана со задолжување е уште еден чекор кон презадолжување и економска стагнација, наместо кон раст.

Дејан Трајковски

Во последните два месеци, македонската Влада најавува големи капитални проекти, како дел од стратегиските инвестиции за наводно подобрување на поврзаноста и економски раст. Посебно се издвојува проектот за изградба на железничка пруга на Коридорот 10, со вкупна проценета вредност од 2 милијарди евра, од кои најмалку 1,7 милијарди евра би се обезбедиле преку задолжување. Притоа, јавноста често ЛАЖНО се уверува дека долгот како процент од БДП нема да се зголеми, а средствата од инвестицијата ќе се „завртат трипати“ во економијата и наводно ќе имаат умножувачки ефект врз БДП.

Но ваквите тврдења не ја издржуваат економската анализа.

Кога ќе се земат предвид структурата на трошоците (претежно за услуги и добра од странство), потеклото на средствата (кредити, претежно странски), домашната додадена вредност (многу мала) и долгорочните последици врз буџетот (постојан висок буџетски дефицит и нови задолжувања), сликата е многу поинаква: јавниот долг расте значително повеќе од БДП, додека ефектот врз домашната економија е привремен, слаб и ограничен.

  1. Задолжување што не генерира пропорционален раст на БДП

Најважната економска мерка за одржливост на јавните финансии е односот на јавниот долг кон БДП. Ако државата се задолжува, а паралелно со тоа не се создава нова додадена вредност во економијата, тогаш долгот расте побрзо од капацитетот за негово отплаќање. Ова е токму спротивно на она во што се надеваат во Владата и во што нивната пропаганда сака да нé убеди.

Во примерот со пругата, од вкупната инвестиција од 2 милијарди евра, анализата покажува дека само околу 330 милиони евра би се пресметале како реална додадена вредност во македонскиот БДП. Останатите 1,67 милијарди евра се трошоци за увозни материјали, машини, странски работници, инженери и менаџмент, што не влегуваат во македонската економија. Притоа, самата изградба трае релативно кратко, па ефектот и на тие 330 милиони се распоредува во рок од 5 години, по што исчезнува.

Односот меѓу зголемувањето на долгот и зголемувањето на БДП е, во овој случај, драматично неповолен:

Јавниот долг се зголемува за 1.7 милијарди евра (11,3% од БДП);

БДП се зголемува за околу 330 милиони евра (2,2% од БДП);

Односот долг/нов БДП е приближно 5:1

Со други зборови, за секое 1 евро нова додадена вредност во петте години додека се гради, државата се задолжува со 5 евра, што ќе ги носиме на грбот засекогаш. Исто така, растот на БДП е 2,2%, а растот на долгот е 11,3% за 5 години – токму обратно од она во што манипулативно нé убедуваат.

  1. Ограничениот ефект на т.н. “вртење на парите”

Чест аргумент на Владата е тезата дека тие средства ќе се „завртат“ низ економијата, преку трошоци, потрошувачка и повторно создавање вредност. Се повикуваат и на Кејнзовиот мултипликатор – економска теорија според која секое државно трошење генерира дополнителен раст преку секундарни и терцијарни ефекти (на пример, плати што се трошат во продавници, кои потоа купуваат стока итн.).

Но мултипликаторот има смисла само ако во економијата: 1.) постои силно домашно производство, 2.) поголемиот дел од трошоците остануваат во земјата и 3.) се трошат претежно домашни производи и услуги.

Во реалноста, Македонија има многу висока увозна зависност. Поголемиот дел од потрошените пари за гориво, храна, машини, уреди, материјали и технички услуги – веднаш излегуваат од земјата. Тоа значи дека мултипликаторот е значително под 1.

Во случајот со пругата, ако државата троши 2 милијарди евра, а се создава реална додадена вредност од 330 милиони евра во првото „вртење“, тоа значи дека:

Кејнзов мултипликатор = ΔБДП / Државно_трошење

= 330/2.000 = 0.165

Односно, секое потрошено евро од буџетот, претежно со задолжување, создава само 17 евроценти нова додадена вредност (БДП). Притоа, и таа вредност е краткотрајна, само за време на изградбата. Потоа, поради слабиот промет на пругата нема да има ни позначително генерирање на БДП (годишно не повеќе од 30 мил. евра). Од друга страна, високиот долг води кон застој или пад на БДП.

  1. Постојан трошок, привремен ефект

Најопасниот дел од ваквите проекти е што економскиот ефект е еднократен и краткотраен, додека долгот останува трајно, па дури и се зголемува. Ако железничката пруга не генерира значителен сообраќај – ниту патнички ниту товарен – тогаш таа нема да се отплаќа преку сопствени приходи.

Ако го земеме примерот на кредит од 1,7 милијарди евра, со еднократна премија на ризик од 17,82%, просечна каматна стапка од 4,7% (на 70% евра и 30% британски фунти) и рок на отплата од 22 години со 5 години грејс-период, годишните ануитети би изнесувале 199,7 милиони евра. Истовремено, годишната добивка пред камати, амортизација и даноци (EBITDA) на МЖ-Инфраструктура изнесува само 2,5-3 милиони евра. Разликата од околу 197 милиони евра годишно би морала да ја покрива државата од буџетот.

Тоа претставува сериозен товар врз буџетот, кој ќе мора да се покрива преку повисоки даноци, кратење на други расходи (здравство, образование) или ново задолжување (рефинансирање). Во услови на недоволен раст на БДП и буџетски дефицит, ова води во спирала на долг и должничко ропство.

Кога инфраструктурата се гради од странски фирми, со претежно увезени материјали и нема економска логика за самостојно отплаќање, таа станува товар и системски ризик за државата, а не двигател на развојот. Јавниот долг расте, а економијата нема капацитет да го „исплати“ преку раст. Без локална додадена вредност, ова е класичен пример на непродуктивен капитал, односно промашена инвестиција.

Важно! Кога јавниот долг расте побрзо од БДП (во случајот со пругата долгот за 5 години ќе порасне за 1,7 милијарди евра, а БДП ќе порасне само за 330 милиони евра), а мултипликаторот на државното трошење е под 1 (во примерот со едно „вртење“ е 0,167, а со бесконечно многу „вртења“ 0,208, како што ќе видиме подолу), секоја нова инвестиција финансирана со задолжување е уште еден чекор кон презадолжување и економска стагнација, наместо кон раст.

  1. Само мал дел од инвестицијата води до раст на БДП

Да ги разгледаме трошоците за изградба на брзата пруга (во милиони евра). Ова е таканаречено „прво вртење“ на парите.

Компонента / вкупен износ / домашна дод. вредност.

Странска изградба и надзор: 200 / 0

Странска механизација: 300 / 0

Увезени материјали (шини, ел. мрежа): 600 / 0

Домашни материјали (кршен камен): 200 / 50

Плати на домаш. работници: 200 / 200

Плати на странски експерти: 100 / 0

Домашни подизведувачи: 100 / 60

Транспорт и логистика: 100 / 0

Разно / непланирано: 200 / 0

Вкупно: 2000 / 330 мил. евра

Само 330 милиони евра, или 16.5% од инвестицијата, создаваат домашна додадена вредност (БДП). Околу 1.67 милијарди евра се увозна компонента и не остануваат во македонската економија.

Зошто кај домашните материали и домашните подизведувачи не преминува целиот износ во домашна додадена вредност? Бидејќи има трошоци за горива, машини, енергија, коишто речиси исклучиво се од увоз. Само платите на работниците и добивката остануваат како домашна додадена вредност.

  1. Второ и трето „вртење“ на парите

Во Кејнзовата теорија, парите потрошени од државата (прво „вртење“) ги добиваат домашните фирми и работници, кои потоа трошат дел од тие пари на стоки и услуги (второ вртење), а тие пари потоа се трошат повторно од примателите (трето вртење) и така натаму.

Но, во секој круг, во увозно зависна економија како македонската, голем дел се троши на увоз, штедење, даноци, или излегува од земјата. Тоа е причината зошто влијанието слабее по секое „вртење“ на парите.

Да ги моделираме и второто и третото „вртење“:

Прво вртење:

Државно трошење: 2 милијарди евра

Додадена вредност во БДП: 330 милиони евра

Второ вртење:

Трошење од 330 мил. евра со 70% увоз: 231 мил. евра

Домашен дел (30%): 69.3 мил. евра

Трето вртење:

Трошење од 69.3 мил. евра со 70% увоз: 48.5 мил. евра

Домашен дел (30%): 14.6 мил. евра

Вкупен ефект врз БДП:

Прво вртење: 330 мил. евра

Второ вртење: 69.3 мил. евра

Трето вртење: 14.6 мил. евра

Вкупно: 414 милиони евра, односно 20.7% од инвестицијата преминува во БДП.

Иако парите ќе се “завртат трипати”, вредноста што економијата ја задржува дома од секоја фаза се намалува нагло. За да биде Кејнзовиот мултипликатор значително поголем, потребно е „вртежениот“ дел од вредноста да остане дома, што се постига само со силно домашно учество во проектот. Тоа кај нас не е случај. Кај нас дури и 85% од храната се увезува, а камоли машините и горивата.

Придонесите по секој круг на трошење („вртење“ на парите) покажуваат намалување по приближно геометриска прогресија:

Прво „вртење“: 330 мил. евра

Второ „вртење“: 69 мил. евра (за 4,8 пати помалку)

Трето „вртење“: 14,6 мил. евра (за 4,7 пати помалку)

Со секој нареден круг на „вртење“, ефектот врз БДП опаѓа приближно 4.8 до 5 пати, што е карактеристично за геометриска прогресија со количник r = 1/4,8 = 0,21 ;1.

Теоретскиот максимум, после бесконечно многу „вртења“ на парите, го добиваме како сума на бесконечна геометриска низа (330+69+14,6+…) и истата изнесува (за r<1) само:

330/(1-0,21) = 417,7 мил. евра.

Ова потврдува дека мултипликаторот при 3 „вртења“ на парите не е 3, туку далеку под 1, односно 417,7/2000 = 0,208, бидејќи поголемиот дел од инвестицијата истекува од Македонија без да остави траен развоен ефект.

На тој начин научно го разобличивме митот на претставниците на власта дека „со трократно вртење на парите БДП ќе се умножи тројно“. Но, додека има овци, ќе има и волна, а штетите ќе ни останат трајно.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

 

 

 

анализа дејан трајковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.