НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Драмите на Христо Бојчев издадени на македонски јазик

0
By on March 8, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Издавачката куќа „Силсон“ ја објави книгата „Оркестар Титаник“ со избор од пет драми на Христо Бочјев, еден од најизведуваните современи живи автори на светската театарска сцена.

Книгата ја приреди Лилјана Мазова, театарска критичарка и публицистка, која ги преведе драмите од бугарски јазик, а консултант е Мартин Кочовски, режисер. Во книгата се објавени неговите најизведуваните драми на Бојчев: „Undergraund“ („Подземниот“, најнова верзија, 2009), „Оркестар Титаник“ (2002), „Реонска болница“ (изведувана и како „Жена за полковникот“, 1986-2000), „Полковникот птица“ (1997) и „Она нешто“ (1984). Тие се поставени во 45 земји во светот, на исто толку јазици. Изданието е финансиски поддржано од Министерството за култура.

Бојчев е драмски писател и сценарист со необична биографија: од машински инженер кој на 34. години првпат оди во театар со влезница добиена од фабричкиот синдикат, израснува во автор чии драми имаат и по 40 светски изведби, највисоки светски признанија и награди од театарската фела во светот. Пишува и филмски сценарија по кои се снимаат филмови.

„Драмите му се егзистенцијални приказни за човекот денес во светот/лудница. Светот на заборавениот човек кој се тетерави низ животот/општеството во кој/кое тој никому не му треба. Не дека тој човек никој не го гледа! Напротив: се замижува пред небиднината во која е, се прескокнува како изгниено и смрдливо купче измет, од него се врти глава, се бега. Токму поради тој човек од насекаде, во драмите на Христо Бојчев се препознава светот. Нема јунаци и ситуации кои се добри. Има вистина на која, како на сами себе, и се смееме. Тие се и сатиричен приказ на светов кој замижува пред небиднините, осаменоста, сиромаштијата, корупцијата, лудилото…“ констатира Мазова.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.