НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од политичка опозиција до јавна клада: Модерниот лов на вештерки во македонската политика

0
By Zoran Ivanov on July 20, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Противниците се фрлаат во огнот на јавната осуда, каде термини како „заговор“, „предавство“ и „удар врз народот“ ја заменуваат секоја објективна анализа или аргументација. Овие симболички огнови се палат со цел да се создаде атмосфера на страв, мобилизација преку омраза и дисциплина преку демонизација.

Жанета Ќосе

Во сè поагресивната политичка сцена во Македонија, сè почесто се среќава реторика која ги надминува границите на демократската критика и преминува во опасна зона на виктимизација, жигосување и морална хистерија.

Политичките противници не се третираат како легитимни учесници во дебатата, туку се етикетираат како „предавници“, „странски платеници“, „непријатели на народот“ – формулации кои не служат за политичко надминување, туку за дехуманизација.

Овој тип на политички дискурс претставува современа верзија на лов на вештерки. Наместо да се води рационална расправа и соочување на идеи, се сведочиме на јавни обвинувања без докази, на реторички линч и на симболичко палење на клади.

Противниците се фрлаат во огнот на јавната осуда, каде термини како „заговор“, „предавство“ и „удар врз народот“ ја заменуваат секоја објективна анализа или аргументација. Овие симболички огнови се палат со цел да се создаде атмосфера на страв, мобилизација преку омраза и дисциплина преку демонизација.

Како што Инквизицијата осудувала „еретици“ без право на одбрана, така и денеска се развива јавното обвинување како политичка алатка, без потреба од факти или дебата. Наместо демократска конкуренција, сведоци сме на идеолошко палење – чин што не бара докази, туку лојалност.

Таквиот пристап ја претвора јавната арена во судница каде што пресудата е веќе донесена, а целта не е вистината, туку казната. Овој дискурс е длабоко токсичен и крајно неодговорен. Тој не само што го труе демократскиот простор, туку и активно поттикнува нетрпеливост, политичко насилство и радикализација.

Јавната дебата се сведува на примитивен морален линч, каде што аргументот нема вредност, а тишината станува единствениот начин да се избегне стигматизација. Во едно демократско и современо општество, ваквата реторика мора да биде јасно и недвосмислено осудена. Не заради моменталната политичка корист, туку заради долгорочната стабилност, општествена кохезија и нормално функционирање на плурализмот.

Замената на политичкиот дијалог со лов на вештерки е директна закана за демократијата. Македонија не смее да дозволи да живее во симболичка Инквизиција. Политичките разлики се природни, дури и неопходни – но нивната демонска карикатура претставува кукавички обид за владеење преку страв, а не преку визија.

Задача на секој од нас е да не дозволиме разумот да изгори на јавната клада.

 

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.