Published: Saturday, April 18, 2026 21:40
Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се спречи пожарот со 63 жртви и 200 повредени.
41-ви Марш за ангелите се пресели во Штип.
Семејствата и роднини на загинатите во пожарот во Пулс, попладнево маршираа од градскиот плоштад Слобода, поминаа пред судот, обвинителството, полицијата и зградата на рагионалната подружница на УЈП.
Бараат правда и прашуваат кој-кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се спречи пожарот со 63 жртви и 200 повредени.
Наредниот марш ќе биде повторно во Кочани, но повремено ќе маршираат и во останатите градови, кои заубија свои сограѓани во страотниот пожар во трагедијата во Кочани.




