Оливер Андонов: Ова влијание, особено руското и кинеското има и безбедносни ризици и тука не треба да зборуваме за разузнавачки активности туку за влијанија во финансиски импликации како сомнителни, коруптивни и скапи кредити (па сетете се дека и денес не знаеме точно од каде потекнуваат парите од Унгарскиот кредит преку Ексим банка). Сето ова е потенцирано во членот 29 од Извештајот потенцирајќи ја улогата на Унгарија и Србија за сметка на Москва и Пекинг. Ова се сериозни предупредувања каде се движи Македонија, посебно потенцирајќи во членот 3 „дека е неопходно Македонија да го одржи моментот и кредибилитетот на процесот на европска интеграција“. Токму процесот на европската интеграција е сериозно ставен надвор од агенда на владата на Мицкоски преку отвореното и тенденциозно влегување во конфликт со ЕУ надвор од Копенхашките критериуми. Особено се напоменува опасноста од странско мешање и дезинформации.
Извор: ЦивиМедиа.мк