Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филтер “фобија” – антагонизмот како идентитет

0
By Zoran Ivanov on August 5, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 5, 2025 12:50

Токму тој наметнат антагонизам не е автентично македонски, и го оптоварува и компромитира и секој друг однос – дали кон другите или дали кон било кое друго прашање. И оваа фобија е наменета само за нас, затоа што не може да се биде “квалитетен бугарофоб” без да се биде “одличен албанофоб”.

Никица Корубин

Оската на пропагандната матрица на она што се сервира како “македонски идентитет”, а не оној реалниот, е кристално јасна и автентична за нашата држава – албанофобијата. Од практични и симболички причини. Пропратена по потреба со бугарофобијата и ретко со хеленофобијата. Но, ако “Бугарите ги потценуваме и ги мразиме”, а “Грците само ги мразиме”, албанофобијата има уште една подлабока нишка – “од Албанците се плашиме”. И тоа е тој исконски страв “фобос” од Албанците, кој го креира антагонизмот кон Албанците.

И бидејќи зборуваме со речникот на конструктот кој се создава и негува цела наша независност од 30-тина години како држава; овој наратив е проекцијата врз македонскиот народ, а не автентичното чувство на македонскиот народ. Тоа е “погледот и односот” што македонскиот народ треба (мора) да го има кон овие народи – како површна фикција и вештачки мит, надвор од реалноста.

И тој “поглед и однос” е граден и негуван, повеќе од 34 години независна држава, но е “зависно” превземен и адаптиран од колонијална и федерална матрица на претходни држави, за нивни, а не наши интереси. За иронијата да биде поголема, во одредени историски периоди нивните интереси биле брутално и драматично егзекутирани, врз етносите кои живееле во границите на денешна Северна Македонија. Дефиниција за форма на колективен и симболички садо-мазохизам.

И затоа токму “албанофобијата” е клучниот филтер, за тестирање на длабинското влијание на концептот на “српскиот свет” – како официјална политичка одредница во извештајот на ЕУ – врз суверенитетот и регионалната безбедност и на нас како држава. На две клучни нивоа (со уште многу нијанси): “албанофобскиот однос” кон Албанците и “албанфобскиот” поглед кон сите други.

И тоа е првичниот антагонизам, врз кој потоа вештачки се гради “македонскиот идентитет” – и за кој никогаш, не се говори “сам за себе”, туку само во релација кон овие три фобии (албанофобија, бугарофобија и хеленофобија).

Па, не е важно колку некој е слободоумен и “либерален” во однос кон Бугарите или Грците, вистинскиот и искрен однос кон Албанците го открива суптилното влијание на “српскиот свет” и таа наметната матрица на размислување и однос кон Албанците. Зошто инаку, еден интелектуалец, граѓанин, аналитичар, политичар – Македонец – би имал било каква задршка или антагонизам кон Албанците, а притоа да нема кон другите?

Затоа што токму тој наметнат антагонизам не е автентично македонски, и го оптоварува и компромитира и секој друг однос – дали кон другите или дали кон било кое друго прашање. И оваа фобија е наменета само за нас, затоа што не може да се биде “квалитетен бугарофоб” без да се биде “одличен албанофоб”.

Примери насекаде низ јавниот простор – од лево и десно, од центар, од аналитичари до професори, од политичари до академици – може да бидат “меки” со другите, ама секогаш ќе бидат доследни (скриени или јавни) албанофоби. Од кои не се исклучени ниту самите (влијателни) Албанци. Па, белким и ние на подаништво да научиме некого?

И тоа е есенцијата на влијанието на концептот на “српскиот свет”. Од почетокот на 20-от век до ден денес. Со кои “очи” ќе ги гледаме другите? Со “српски” (во кои ние и не постоиме) или со македонски? Каков однос ќе градиме кон другите? Каква историографија ќе пишуваме за себе? Што знаеме за себе? И тоа е клучното влијание, а не “спектаклот и појавноста” како обични алатки – од Лепа Брена, преку инструирани навивачки групи или наменски српски прослави, до југоносталгијата.

Историскиот “српски свет” од почетокот на 20-от век е колонизаторски. Колонијата не ја освојувате. Колонијата ја асимилирате и преобликувате. По ваша мерка. По ваша вера. По ваша историја. По ваш поглед на светот и на соседите. И вели хрватскиот пејач Томпсон, на концертот во Сињ, во уште еден своевиден одговор кон агресивниот и упорен концепт на “српскиот свет” и во Хрватска – “Југославија е мртва, и ова е независна Хрватска” – но, “југословенството” никогаш и не била целта, туку средството; во освежениот пост-колонијализам, наследуван до ден денес.

Албанофобијата како темел, мора да се сруши. Не со глума, и со лукративност, не со “имам еден пријател Албанец”, не со квази-либерални ламентации, не со опортуност и корист; туку со изворен македонски интерес и почит. Кон себе и кон другите. Кон сопствената, заедничка и споделена историја “базирана на факти”, кон граѓанската држава, кон функционалниот систем; кон наследената цивилизација и европската сегашност и иднина. Почит кон знаењето кое единствено ќе не’ спаси. Од она што сме “морале да бидеме за другите и кон другите”, а не “за себе и кон себе.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

 

колумна Никица Корубин ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.