Брачната понуда на плажа може да биде прекрасен, фотогеничен и незаборавен, момент кој долго ќе остане за сеќавање, а особено ако огромен бран одлучи да го прекине.
Токму тоа му се случи на овој пар, среде она што би требало да биде нивниот заеднички најромантичен момент – ги „нападна“ еден голем морски бран.
Во описот на видеото се вели дека невестата и нејзиниот иден сопруг стоеле на карпа на брегот во Калифорнија, а тој и ја пеел нејзината омилена песна, но кога сакал да го изговори важното прашање, двојката била буквално „измиена“ од каменот каде што стоела.
Сепак момчето покажал завидна присебност, бидејќи, како што се гледа од снимката, успеал да го сочува прстенот.