Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Второ продолжение: Конвергенција кон 1 човек со сето богатство (и сите останати без скршена пара)

0
By Zoran Ivanov on August 9, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 9, 2025 10:00

Политичката моќ не им е крајната цел на „авторитарните” сили денес, туку почетна, за слевање на парите кај себе, наведување на мрежата наречена „слободен пазар” – онаа која канализира пари од многумина кон малкумина, а секој од тие малкумина се надева на хегемонизам најмалку во своето „маало”, а преферабилно врз светот.

Емилија Целакоска

Многу мислители, сигурно дале изводлива обука за паѓање на богаташки клики, но за другиот дел – што понатаму да се прави за да се распределат средствата, или мислителите не се доволно јасни, или не сите се согласни. Изгледа како сите комунистички владеачи (партии) во поствоениот свет во минатиов век да импровизирале како да се распределуваат средствата, додека не биднале откриени (не од институциите, јасно) дека не распределувале баш фер, туку си работеле на „акумулација на капиталот”.

Што значи, и да постои јасен алгоритам за добра распределба, причината за неимплементирање на тој алгоритам е невградената во него лакомост за таа акумулација.

Не знам дали до денес има барем еден одржлив алгоритам за некаков вид социјализам од сите адаптации на Маркс, т.е. за фер распределба на средствата. Дали мора прво да има централно собирање на ресурсите, па централно планирање, па оттаму распределба?

Ако да, тогаш уште веднаш можеме да централизираме сѐ со роботи и вештачка интелигенција, неподредена на ништо и никого. Чувари на централниот силос од ресурси. Така, светот ќе е прилично спасен, доколку роботите и ВИ не се нечија сопственост. Но, несопственоста е уште поневеројатна отколку човечка влада која не извитоперува што е тоа „фер” и која распределува фер. Тоа е прилично Квака 22.

Тогаш, мора ли воопшто да се постулира централен силос на средствата за да стартува еден социјализам? Нели е тоа многу сомнително? Не може ли да постои таква распределба на богатството, која не е мрежа од канали на пари упатени кон малку богаташи?

Слевањето на пари кон малкумина може да започне и со централизирање на политичка моќ, а називот на второво го знаеме: авторитаризам (по правило, качен на воз кон тоталитаризам). Но, авторитаризмот денес не е истата сорта од 20-тиот век, дури и пресериозно звучи тој назив за новата сорта.

Политичката моќ не им е крајната цел на „авторитарните” сили денес, туку почетна, за слевање на парите кај себе, наведување на мрежата наречена „слободен пазар” – онаа која канализира пари од многумина кон малкумина, а секој од тие малкумина се надева на хегемонизам најмалку во своето „маало”, а преферабилно врз светот. Тие се тој 1% со 99% ресурси, во турнирот што ни го приредуваат, за ние, останатите 99% што делат 1% од ресурсите да навиваме за избор на нашиот тоталитарен хегемон чија задача е да нѐ остави со 0% средства, за тој да ги запоседне сите 100% .

Да бидеме кловнови во сопствениот циркус, се бара од нас, а таа валкана работа во интерес на олигархијата ја вршат десничарските политички експоненти.

Имаат зошто, од истите причини како најсиромашните, со тоа што не добиваат трошки – туку „кумско” партнерство со олигархијата. Идентичноста на последицата – продавање на интегритетот, исто како најсиромашните, им ја дава таа опаковка, лажна секако, дека десницата е наводно – „блиска” со народот.

Продолжува во утрешното издание на Нова.тв.мк/ Тема

Емилија Целакоска тема2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.