Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

0
By Zoran Ivanov on May 8, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 8, 2026 20:27

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на Република Македонија (СКРМ) за утре најави нов протестен собир, овој пат на платото на Националната опера и балет на отворањето на манифестацијата „Мајски оперски вечери“.

Културни работници, уметници, колеги и поддржувачи на култарата. Ве повикуваме на денот на отворањето на ‘Мајските оперски вечери’ заедно да застанеме во одбрана на Колективниот договор за култура, темелот што ги штити нашите права, достоинство и сигурност. Она што публиката го гледа на сцена, во музеј, библиотека или галерија не е случајност. Тоа е резултат на години труд, знаење, посветеност и љубов. Зад секој аплауз стои човечки живот, но зад завесата мора да стојат права. Денес, тие права се доведени во прашање, не смееме да молчиме, соопштија од СКРМ.

Тие повикуваат на мирен протестен собир на Советот на СКРМ во проширен состав, со цел, како што велат, мирно, достоинствено и јасно да се порaчаат неколку работи.

Дека ќе се бориме за зачувување на Колективниот договор за култура. Дека бараме вреднување на трудот на уметниците и културните работници и дека инсистираме на почитување на нашето достоинство и професија, велат од Синдикатот.

Од таму додаваат и дека „културата не е трошок – таа е идентитет“.

Правата не се привилегија – тие се основа. Да ја одбраниме културата. Да ги одбраниме правата, посочија од СКРМ.

Пред една недела, тие протестираа пред Уставниот суд поради стравувањата дека судската постапка поврзана со Колективниот договор во културата може да доведе до уривање на веќе стекнатите работнички права.

Пред судот рекоа дека „она што се случува со Колективниот договор не е техничко прашање, туку е порака дека културата е најлесна мета“.

Престанете со таргетирање на културните работници. Почитувајте ги стекнатите права, тие се изборени, а не подарени. Не го рушете договорот. Не сме буџетска ставка – туку луѓе. Правдата не е алатка за штедење. Држава без култура е празна држава. Кратење на културата значи кратење на идентитетот. Денес ни го земате правото – утре гласот. Ова не е реформа, ова е уривање, порачаа културните работници пред Судот.

 

култура мајски оперски протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.