НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трето продолжение: Конвергенција кон 1 човек со сето богатство (и сите oстанати без скршена пара)

0
By Zoran Ivanov on August 10, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не случајно левите сили се разронети на леви-леви и леви-десни сили, односно автентични и кооптирани леви, врз основа на (не)лојалност кон самиот концепт на олигархопол, дури и не врз основа на самите олигарси. Второво, кога олигарсите се фиксно дефинирани, е работа на десницата. Значи тешката работа, иновацијата на новиот систем, ја осмислуваат левите сили, во цел свет – паѓаат, стануваат, се лизнуваат, па пркнуваат негде локално.

Емилија Целакоска

Кризата на денешните леви сили, меѓу кои и социјалдемократите е, во суштина, криза на прифаќањето и неприфаќањето дали олигархополот и капитализмот се во еквиваленција (дали едното следува од другото и обратно).

Поточно – ако независно од капитализмот (и комунизмот!) се генерира олигархија во системот, на кој начин, тогаш, една држава може да преживее без олигархопол, после негово претходно присуство? Или олигархопол мора да се перпетуира доколку намерно не се ограничи? И пак – што после тоа ограничување?

Идеологијата на социјалдемократите го прифаќа капитализмот, но во неа, како и во теоријата и реалноста, сеуште нема самоодржлив механизам за фер распределба на средствата, што остава простор, и за револуција против олигархијата, и за прифаќање на „соживот” со олигархијата.

Други леви сили, кои не го прифаќаат капитализмот постојано се во повик за револуција против олигархијата, но никако не можат да ја избегнат кооптивноста на денешниот капитализам: Самото присуство на леви сили во хиерархијата на управување со централните ресурси ги гравира во централизирањето како мали капиталисти, исцрпувајќи ја во пачворк авентичната лева мотивација. Овозможувањето на политичка и економска хиерархија ги расподелува левите повеќе шизофрено отколку шизматички на два дела, т.е. не „чисто” по идеологија или назив на партија, туку интерпартиски и интерграѓански.

Имено, да се сетиме прво дека централизирањето ресурси е дури и присвоено од десничарите, иако е тоа изворно „комуњарска” технологија, така што народот не чувствува преголем потрес во преодот меѓу системите. Затоа одлучувањето кој партиски субјект служи за трупање на ресурсите на мал број сметки, кај народот не се засновува на левото или десното декларирање на партиите. Затоа е и тешко возможен масовен протест на економска основа против било која власт, па била таа и самиот олигархипол директно.

Но, „Сите се исти” е патологија на психата, а не факт, слично како, на пример, зависта – само површно надворешните фактори се тригер за појава на завист, но вистинската причина е патологијата на конкретната психа.

Второ, и во левиот камп по декларирање, има такви кои ја разбираат не-личноста на системот од 1% луѓе со 99% од ресурсите. Тогаш, „зошто не би бил и јас во тие 1%?” Додека се „вдишува” системот кој централизира ресурси, резонирањето за автентична лева сила добива вкус на „грозјето е кисело”.

Олигархополната кооптација станува привлечна: „И да ја нема оваа олигархија – што потоа? Низата социјални политики не прават самоодржлив механизам за социјално праведно општество. Тогаш, штом капитализмот е сета наша животна околина, зошто самите не би станале ‚други’ олигарси?”

Тоа значи дека не случајно левите сили се разронети на леви-леви и леви-десни сили, односно автентични и кооптирани леви, врз основа на (не)лојалност кон самиот концепт на олигархопол, дури и не врз основа на самите олигарси. Второво, кога олигарсите се фиксно дефинирани, е работа на десницата. Значи тешката работа, иновацијата на новиот систем, ја осмислуваат левите сили, во цел свет – паѓаат, стануваат, се лизнуваат, па пркнуваат негде локално. Да не ги игнорираме Мондрагон и Барселона, со иновативна лева самоодржлива управа. На акумулациите на ресурси воопшто не им се допаѓаат вакви вести.

Продолжува во утрешното издание на Нова.тв.мк / Тема

 

 

 

 

Емилија Целакоска тема3
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.