Зоран Иванов
Очекувана и претходно најавна но денеска конкретизирана и формализирана страшна антицивилизациска геноцидна вест стаса од Тел Авив.
Многу страшна од секаков аспект.
Покрај редовната војска овој актуелен Израел, овој Израел сегашен на Нетанјаху, ангажирал, мобилизирал допполнителни 50.000 резервисти.
Собрал и наоружал дополнителни воини за да ја доисчистат Газа од Палестинците.
Од нивното родно историско огниште.
Сето под изветвената и проѕирна парола “да го одвоеле милитантниот Хамас од останатото население”.
Да го одвоеле милитантниот Хамас, а демек го прљви тоа хавајскиот Нетанјаху.
На земјината топка, во ова време наше современо, се случува незапамтен геноциден погром врз еден историски народ.
Врз палестинскиот.
Вицот и видеото на Траммп дека на брегот на Црвеното Мореќе се градела ривиера хотелска, елитна, луксузна туристичка, е во фазата во која шегата луцидна станува стварност.
Трам со Нетанјаху преку Хамас тргуваат со Газа.
Тргуваат крваво со цел еден народ.
Со Палестинскиот.
Ќе граделе елитна туристичка енклава на еден од најубавите морски брегови на атрактивниот Медитеран.
Ќе го правеле тоа врз пепелта на палестинските родни огништа.
И сега прашањето за британецот Стармер, за французинот Макрон и за …, и за …, каде, на која територија се пофалија дека ќе ја признаеле палестинската држава.
И сокој народ во неа.
Со американските и со европските богати туристи или со домицилните Палестинци.
Прашалните реченица не завршуваат со прашалник зашто одговорите на ваквите прашањата, завршуваат со одговор молк.
Па сепак, и на крајот од овој кус текст, го оставам прашањето без прашалник од насловот на овој кус текст:
Ајдете сега Стармер, Макрон, Кошта, мошта, Дер Лајен, дер мајен, а и вие Владини, Невладини и за ова најновово со Газа – ќе гукнете ли.