Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се гледа крајот, а се гледа и можен почеток

0
By Marija Todorovska on September 23, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 23, 2025 10:11

‘Спасот’, драги мои за нив, а шансата за демократска Македонија е во создавањето на Голема владина коалиција. Таа срамежливо се најави со можноста за прифаќање на планот на СДСМ за одблокирање на ЕУ интегративните процеси. Тоа е вовед во сценарио кое може хегеловски да ја реализира „објективната идеја“ преку греотките во политиката на моментот.

Љубомир Фрчковски

Голема веројатност е дека ќе сведочиме еден феномен по локалните избори, поточно во годината по нив, драги мои. Една триумфалистички промовирана Влада, во краток период со тресок се повлекува барајќи спас. Тоа е можеби трагично за партијата на власт ДПМНЕ, а можеби и не е, но е прозорец на можности за сите нас и за државата, секако.

Како тоа ќе се случи?

Периодов без претензии за токсична критика сведочевме една потполно некомпетентна владина гарнитура која ја осиромаши земјата и сите граѓани во неа, која нема перспектива ниту план каде ќе ја води државата, откога ја закопа надежта за европеизација со ирационално и само-повредувачко драматизирање на спорот со Бугарија. ДПМНЕ ниту на своите фирми и симпатизери не може да им помогне бидејќи во државата едноставно нема пари ниту планови за развој. Со еден збор и со сета прибраност во него – сведочиме скапување и назадување во сите можни области.

Прв пат во историјата поради повлекувањето на стратешкиот партнер САД од регионот, како и блокада на ЕУ интеграциите, Македонија е потполно сама со најслабата политичка елита на власт во ваквите критични моменти. Критичноста ја зголемува српската политичко-културна и бизнис инфилтрација и преку неа руското влијание. Во мултикултурна Македонија тие ветришта носат поделби на меѓуетнички план и авторитарност, односно генерална нестабилност.

Втората структурална слабост на ДПМНЕ-вската елита е нејзината заробеност од и во ПР ехо-собата. Функционирањето на Владата е целосно блокирано (затоа велиме дека таа не одлучува, не владее во основа) од ПР прогнозите за тоа што е добро, а што не е, проценето од нејзините ПР агенции и агенти. И таа не презема ниту еден порадикален, реформски чекор кој засекува правец и прави разлика на вистинска промена, бидејќи скоро секогаш таквите чекори болат и имаат ефект на рејтингот.

Но како што сведочиме – нечинењето, некомпетентноста и невладеењето завршува во ист таков, дури можеби и поголем пад на рејтингот.

Владата првата лузна ќе ја добие на локалните избори, кога ДПМНЕ веројатно ќе падне за некои стотина илјади гласа.

Второ, најверојатно ДУИ ќе избрише патос со ВЛЕН и владата ќе остане без ниту еден автентичен албански претставник во неа. Што е втор проблем после падот на гласови.

Каква што е ПР параноична оваа тенденција на паѓање, ќе донесе само паника (мислам оправдана) бидејќи за осиромашувањето и општата агонија ќе остане само ДПМНЕ одговорно – нема кој друг.

Во тој момент и од него натаму ДПМНЕ ќе почне да бара спас.

‘Спасот’, драги мои за нив, а шансата за демократска Македонија е во создавањето на Голема владина коалиција. Таа срамежливо се најави со можноста за прифаќање на планот на СДСМ за одблокирање на ЕУ интегративните процеси. Тоа е вовед во сценарио кое може хегеловски да ја реализира „објективната идеја“ преку греотките во политиката на моментот.

На ДПМНЕ му е потребен СДСМ да ја подели политичката одговорност за уставните измени и внесување на Бугарите како малцинство во Уставот, но и како ‘бафер’ кон ДУИ, кога ќе треба да влезе во Владата.

Идејата за Голема коалиција на извршната власта ја поставив и бранев пред 13 години во едно интервју на тиранската Топ Чанел телевизија, како пригодна за македонската држава во принцип и како постојано решение (по урнек на швајцарскиот модел на извршна власт).

Во политичката историја на владите на Македонија бевме блиску до почеток на таква мирнодопска реализација со идејата на Заев која ДПМНЕ тогаш ја прифати, на крајот на владата на Ковачевски. Но СДСМ тогаш згреши водејќи се од погрешни процени дека може да ги добие изборите, имено од тесно партиска проценка, а не од можноста да се смени политичкото искуство и систем на составување на владите во Македонија.

Можеби ДПМНЕ нема да ја направи истата грешка.

Неколку силни аргументи има во залагањето за Голема владина коалиција како џентлменски постојан договор во политичкиот систем:

Прво, во партиската динамика, голема коалиција во Македонија ќе ја релаксира политичката напнатост, ќе ја намали токсичната комуникација и напади меѓу партиите и со тоа упорното пропаѓање на реформските сериозни зафати од страв на губење на изборите.

Второ, на меѓународен план, ќе го сметне од темите за расправа правецот на развој на Македонија кон ЕУ и ќе ја апсолвира темата на добрососедски односи со соседите како дефинитивна ориентација .

Трето, ќе ги ослободи од тесно-партиски притисок судството, обвинителството па и државната администрација, и принципите на кариера и стручност полесно ќе може да видат бел ден.

Четврто, но веројатно меѓу најважните, голема коалиција во извршната власт е посебно пригодна и добра за нашата мултикултурна сегментирана стварност. Таа овозможува постојана презентација на правата и барањата на заедниците кои не се во мнозинство и баланс на истите со општите граѓански права на уставната еднаквоста на сите; имено, е поддршка на граѓанската тенденција во нејзиното постојано закрепнување кај нас. Како што веројатно знаете, мантра на стабилноста и ефективноста на владеењето во мултикултурните средини е секогаш „вклучи – не исклучувај“ од масата на која се одлучува.

Џентлменското решение на Голема коалиција на извршната власт, конечно ја рефлектира без страв и со одговорна политичка самоувереност комплексноста, и во мултикултурна и во геополитичка смисла, на македонското општество. Застапувањето на различните, дури и спротивставени интереси, оттука, станува можна политичка пракса а не арена на непријателство. Вклучувањето, а не исклучувањето, може да се прошири како принцип на владеење и застапување, односно споделување на моќта и таа навика, можеби конечно, ќе ги отвори партиите кон различните сили на граѓанското општество и од нив ќе направи медијатори на јавниот интерес и добро, кога за истото треба да се одлучува во рамки на извршната власт.

Партиската релаксираност, како една од набројаните предности на Голема коалција, конечно и посакувано – ќе овозможи вклучување и делување во рамки на политиката како јавна работа на поединци и групи, што зад себе како мотив имаат знаење и добра политичка волја, а не единствено тесно-партиски интереси. Впрочем, тоа што сега го сведочиме со нови сили на локално ниво во Скопје, што е целосно за поздрав, веќе упатува на таа граѓанска потреба за учество и бранење на јавните интереси наспроти тесно-партиските и од тоа нема назад.

Ако тоа е можен почеток на реструктуирање на политичката моќ и на тоа кој се’ може да располага со неа, нека биде.

Текстот е сопственост на Либертас

Љубомир Фрчковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.