Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Примитивно, непристојно, глупаво, …

0
By Zoran Ivanov on September 26, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 26, 2025 00:41

Зоран Иванов

Има, секако, уште побаеги фини атрибути како неколкуте во насловот кои можат да му се прикачат на Христјан Мицкоски, а по повод неговата промтна реакција на предлог резолуцијата што во името на СДСМ денеска ја промовираше партискиот претседател Венко Филипче.

Во тексто дословно стои дека документот е отворен за коркции, дополнувања, дообјаснувања.

Но тоа, очекувано, не беше доволно за мало трпение од власта, попрецизно од Мицкоски.

Човекот актуелен премиер реагираше теренски. Се огласи негаторски, потценувачки, простачки, примитивно.

Но тоа, таквите навидум надмени, препотентни, а всушност, непримерни и непристојни, некоректни е преблаг термин, туку уличарски, еве поблаго, маалски испади, не се ич изненадување од дотичната персона откако гласачите лани во мај го устоличија за најмоќна политичка фигура во Макдонија.

А тоа негово денешно од нога отфикарување на предлогот на СДСМ за алтернативите за одзатнување на затнатите ЕУ интеграцции, можеше да ги срочи по професорски, малку по интелектуално и по интелигентно онака некако по адекватно на неговите академски и едукаторски титули професор и доктор на науки.

Само можеше. Имаше можност да го стори тоа по урбано. По елегантно, политички по коректно, по цивилизирано и по приемчиво и за интелектуалната фела на кој, нели, тој и како универзитетски професор и’ припаѓа, а и за својот прв партиски ешалон па и за својата гласачка база.

Но премиерот го искористи чинот за на опозицијата уште еднаш да и` прати порака да не се мачи зашто тој и неговите, наспроти нивните магливи прокламации, Македонија не ја сакаат во ЕУ.

И дека не сакаат дијалог на темата ЕУ и дека повеќе нема смисла никаков дијалог на таа тема и дека нема смисла натаму да го замараат со ЕУ.

Не мора зашто ние ЕУ ќе сме ја донеле овде, демек.

Сепак, ако од сево, од оваа со резолуциииве, нека е тоа само уште една меѓупартиска игранка, еве, уше еднаш, и уште појасно, се кристализираа две актуелни меѓупартиски но и две државн нешта во врска со Македонија и ЕУ:

Прво, СДСМ ги исцрпи сите можности да ја убеди ВМРО-ДПМНЕ да го одблокира преговарачкиот процес и,

Второ, ВМРО-ДПМНЕ со денешната најава дека на местото на резолуцијата на СДСМ за „црвени линии”, ќе предложела своја за „национални линии”.

Денеска, со рекацијата на Мицкоски на предлогот на Филипче, уште еднаш се потврди дека на темата ЕУ дијалогот меѓупартиски е невозможен. И тој што го има само преку медиумите е непродуктивен, навредлив и клеветнички и, оттука, и непотребен.

И сега, по речиси уште не легната на маса, со квалификациите на Мицкоски и со најавата за негова резолуција како замена за оваа денешнава на Филипче, практично со неговото отфрлање на предлог ЕУ документот на СДСМ, темава е препуштена на времето кое овие редови или бргу ќе ги потврди или одложно ќе ги демантира. Ќе покаже дали Христијан е, или не е, уште една промашена македонска политчка инвестиција.

Завршувам со насловот на овие редови во кои потсетувам дека денешната реакција на Мицкоски на предлогот на Филипче е само уште едоно негово непристојно и, посебно, од позиција на прва политичка личност во државава, некоректно, неприкладно, глупаво и карактерно прмитивно однесување.

                                                   

 

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 14, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

ВЕСТИ August 14, 2026

Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење,…

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.