Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ може да победи со јасно социјална политика во којашто секој граѓанин соодветно на неговиот статус ќе го согледа бенефитот да гласа за СДСМ

0
By Zoran Ivanov on November 10, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 10, 2025 09:15

Казната од ЕУ брзо стугна, најлош извештај од ЕУ кој не укажува само на неизвршување на реформи туку и назадување на патот кон ЕУ.

Тито Беличанец

Од 2017 година, после изгубени 27 години лет во место на државата Македонија континуираната политиката на СДСМ од 2017 годна водена од Заев-Ковачевски – Филипче, ВМРО ДПМНЕ ја оквалификува како “губитничка”, “предавничка” и “против националните интреси!

После 12 годишното катастрофално владеење на државата од ВМРО ДПМНЕ (криминал, прислушување, автократско владеење и што не), СДСМ не успеа на собраниските избори да освои просто мнозинство, односно 61 пратеничко место.

И не само тоа освои помал број пратеници од ВМРО ДПМНЕ, и Влада можеше да состави само со коалиционирање со ДУИ дотогашниот коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ.

И во таков однос на силите СДСМ на чело со Заев се определи да ги донесе државотворните одлуки со кои земјата стана член на НАТО и се усвоји Преговарачката со која земјата ги започна преговорите за влез во ЕУ.

ВМРО ДПМНЕ како опозициона партија, без проект за излез од состојбата во која се најде во седумте години во континуитет го обвинуваше СДСМ дека “го продаде уставното име”, и “изврши национално предавство” со прифаќањето Бугарите да се внесат во Преамбулата на Уставот како уште едно од малцинствата.

Двата исчекора беа овозможени со склучувањето на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, соработка и добрососедство кои исто така беа окарактетизирани како “предавнички”.

На оваа идеолошка и политичка платформа ВМРО ДПМНЕ во изминатите седум годинини го убеди своето членство во вистината на своите тврдења и го мотивира со ветувањето дека ќе ги поништи сите договори и последиците, а пред се ќе го врати уставното име без придавката “северна”.

Врз оваа изборна платформа ги доби и парламентарните и локалните избори.

Помина година ипол од владеењето на ВМРО ДПМНЕ во која исполни само едно од ветувањата: ги блокира преговорите за влез во ЕУ со неисполнување на единствениот услов за продолжување на преговорите: внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот како уште едно од малцинствата во Уставот.

Мицковата Влада по изборите се насочи кон решавање на тековните прашања и пред се кон подготовката на локалните избори подржувајќи ги со 500.000.000 евра од кредит. Во меѓувреме со три посети на претседателката Фор Де Лајен Владата беше инструирана да се насочи кон извршување на обврски кон ЕУ, но тоа беше игнорирано.

Казната од ЕУ брзо стугна, најлош извештај од ЕУ кој не укажува само на неизвршување на реформи туку и назадување на патот кон ЕУ.

Евидентно ВМРО ДПМНЕ водено од Мицковски е на крстопат.

Да ги исполни ветувањата кон неговите гласачи и да го врати уставното име без придавката “северна”, да го поништи Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија и да се напушти т.н. Историска комисија.

Неизвесноста нема долго да трае. Времето не работи за Мицковото ВМРО ДПМНЕ. Со нетрпение очекувам како ќе го објаснува на своето членство неисполнувањето на ветувањата и како тоа членството ќе го прими.

За СДСМ се отвара простор за капитализирање на минатиот труд, односно на оствареното. Но да не очекува, како што премногу се надеваше на претходните избори дека со државотворните одлуки ќе победува на избори.

Останува енигмата како да се мотивираат да излезат на избори и да гласаат 50% апстиненти кои се потенцијални подржувачи на СДСМ.

За тоа треаба концепт на економска програма за разввој прилагодена на македонските услови со силна социјалдемократска подршка на работниците, во стопанството, јавните служби и администрацијата.

СДСМ може да победи со јасно социјална политика во којашто секој граѓанин соодветно на неговиот статус и социјална положба, како невработен, вработен, пензионер, студент, земјоделец, инвалид или хендикепиран по некој основ ќе го согледа бенефитот да гласа за СДСМ.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

колумна тито белицанец ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.