Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, учествуваше на регионалната конференција „Геополитички промени и положбата на Бошњаците во Западен Балкан“, организирана од центарот за геополитички истражувања “Геопол“, во Сараево, соопштуваат од партијата.
Конференцијата ја отвори Адмир Лисица, директор на „Геопол“, а ја модерираше Лариса Омерчиќ, новинарка на порталот „Одговор!“
Панелисти на регионалната конференција беа:Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Македонија, Кенана Струјиќ-Харбиќ, пратеник во Собранието на Црна Гора, Мирсад Нурковиќ, потпретседател на Собранието на Црна Гора, како и Ахмедин Шкријељ, пратеник во Собранието на Србија
Во своето излагање, г-дин Хоџиќ зборуваше за состојбата и предизвиците со кои се соочуваат Бошњаците во Северна Македонија и регионот.
Северна Македонија и Босна и Херцеговина имаат заеднички стратешки интерес, да бидат дел од НАТО и ЕУ. Бошњаците во Северна Македонија се интегриран народ. Можете да најдете успешни Бошњаци во секоја сфера од општествениот живот и развој во Северна Македонија. За жал, голем предизвик во овој момент е политиката на Владата на Северна Македонија, која се спротивставува на европскиот пат на државата, со големо негативно влијание врз неа на авторитарните лидери Александар Вучиќ и Виктор Орбан. Негативното влијание на „српскиот свет“ врз Северна Македонија е забележано и во европскиот извештај за напредокот на земјата, изјави Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Македонија




