Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставниот суд го блокираше декретот на претседателката за распуштање на косовскиот парламент

0
By Zoran Ivanov on March 10, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 10, 2026 13:59

Со мерката, Судот ѝ забранува на претседателката Османи да презема какви било дејствија поврзани со декретот од 6. март, што значи дека таа не може да распише предвремени парламентарни избори. Истовремено, Судот по службена должност донесе одлука да го запре и секое дејствување на Собранието додека трае привремената мерка.

Дијана Тахири

Уставниот суд на Косово воведе привремена мерка со која до 31 март го стопира спроведувањето на декретот на претседателката Вјоса Османи за распуштање на Собранието. Одлуката фактички ја замрзнува институционалната динамика во земјата и ја продлабочува политичката криза што се отвори околу изборот на нов претседател на државата.

Со мерката, Судот ѝ забранува на претседателката Османи да презема какви било дејствија поврзани со декретот од 6. март, што значи дека таа не може да распише предвремени парламентарни избори. Истовремено, Судот по службена должност донесе одлука да го запре и секое дејствување на Собранието додека трае привремената мерка.

Според образложението на Уставниот суд, ваквата одлука има превентивна функција – да се спречи можноста од „непоправлива штета“ за уставниот поредок и за демократското функционирање на институциите во Косово.

Практично, Косово се наоѓа во состојба на институционален застој: претседателката не може да иницира изборен процес, а парламентот не може да продолжи со седницата за избор на нов претседател.

Судир на толкувања на Уставот

Политичката и институционалната криза произлегува од различните толкувања на уставните процедури за избор на претседател.

Владата на Косово, предводена од премиерот Албин Курти, поднесе барање до Уставниот суд за оценување на уставноста на декретот на Османи. Според Владата, претседателката немала уставна основа да го распушти парламентот, бидејќи процедурата за избор на претседател веќе била започната на 5 март и според уставните рокови може да трае до 60 дена.

Од друга страна, Османи го оправда својот декрет со аргументот дека 5 март бил последниот рок за избор на нов претседател, со оглед на тоа што нејзиниот мандат истекува на 4 април, а парламентот не успеал да ја заврши постапката во предвидениот рок.

Овој судир на толкувања го отвора поширокото прашање за уставната рамнотежа меѓу претседателската функција, извршната власт и парламентот – прашање што сега е во рацете на Уставниот суд.

Политички блокади и недостиг од консензус

Кризата ескалираше на седницата на Собранието на 5 март, кога владејачката партија предложи двајца кандидати за претседател – Глаук Коњуфца и Фатмире Колчаки-Мулјаха.

Опозициските партии – Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово – ги оценија предложените кандидати како неприфатливи и инсистираа на политички договор за консензуален кандидат.

Седницата беше прекината поради недостиг на кворум откако опозицијата ја напушти салата, што го спречи продолжувањето на процедурата.

Во косовскиот политички систем, претседателот се избира со двотретинско мнозинство во првите два круга, а во третиот круг со најмалку 61 глас. Сепак, за седницата воопшто да може да се одржи, потребно е присуство на најмалку 80 пратеници – што на опозицијата ѝ дава моќен инструмент за блокада.

Политичката димензија на институционалната криза

Случајот со распуштањето на парламентот ја открива и пошироката политичка динамика во Косово, каде што институционалните процедури често се претвораат во поле на политички судир.

Иако се споменуваше можноста Вјоса Османи да се кандидира за втор мандат, нејзиното име формално не беше предложено. Според владејачката партија, таа немала доволно гласови, додека опозицијата сметала дека не ја претставува потребната политичка неутралност и консензус што се очекуваат од функцијата претседател.

Одлуката на Уставниот суд привремено ја замрзна оваа политичка конфронтација, но не ја реши суштината на спорот.

Конечната пресуда на Уставниот суд ќе има значајни последици не само за тековната политичка криза, туку и за идните институционални односи во Косово.

Судот ќе треба да утврди дали претседателката имала право да го распушти парламентот во услови кога постапката за избор на претседател веќе била започната, или пак дали парламентот и Владата се обиделе да ја пролонгираат процедурата надвор од уставната логика.

До тогаш, Косово останува во состојба на привремена институционална парализа – уште еден показател за кревката рамнотежа меѓу политиката и институциите во земјата.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

дијаа тахири уставен косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.