Министерството за надворешни работи изготвува препорака која ќе биде упатенa дo сите дипломатско-конзуларни претставништва на Р.Македонија.
Во препораката, како што соопштија за НОВА од МНР, се потецира дека сите диломати имаат право на индивидуална активност на социјалните мрежи со назнака дека треба да се воздржат од постирање на содржини со политички конотации поради специфичноста на нивната професија.
Препораката од МНР следува откако НОВА ја објави информацијата за тоа дека конзулот на Р.Македонија во Италија, Амон Бајрамовски на својата Фејсбук страница постирал карта на голема Македонија.
Ваквата содржина на ФБ профилот на Бајрамовски беше искористена од грчките веб портали како аргумет дека Македонија има територијални претензии кон Грција.
Бајрамовски на својот ФБ профил објави и содржини кои се дел од предизборната кампања на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.