Но, ова е и очигледна потврда на нивната капитулантска трагедија дека и мртов, Гоце, апостолот што народот од почит кон неговото величие, го воздогна до божество, на бугарските официјалци, и овдешните нивни платеници им е непроголтлива коска во грлото.
Бошко Нацевски
Ја читаме најновата верзија на пропагандната трубачка гарнитура, се разбира, тонирана според софиска партитура. Познатите негатори на идентитетитетската структура, јазик, култура и историја на Македонците, ја почнаа најновата офанзива со омаловажување до најбизарно џелатење на ликот и делото на Гоце Делчев.
Според тие платеници на ѓаволот, Гоце, идолот на нашето слободарско движење, таа возвишена семакедонска револуционерна икона, според нивните толкувања, бил никој и ништо, измислен авторитет, историска маргинала, кој немал извојувано ниту една победа. Комедојанти.
Ова е логиката на класични пропагандистички диверзанти.
На морално обезличени персони.
Но, ова е и очигледна потврда на нивната капитулантска трагедија дека и мртов, Гоце, апостолот што народот од почит кон неговото величие, го воздогна до божество, на бугарските официјалци, и овдешните нивни платеници им е непроголтлива коска во грлото. И упокоен, им ги поматува обидите на фалсификатите во нивните научни еквилибристики, главно на антимакедонски основи, со кои последниот век нижат исклучиво порзи.
За таа морална беда, која по секоја цена ја диверзира македонската национална опстојба, основачите на македонското револуционерно движење, идеолозите и корифеите од илинденската епопеја, безмалку со патолошки цинизам, ги претставува како манекени, пијандури, друмски разбојници, аморалци. Со таа етикета ги доживуваат, но само кога се третираат како дел од македонската историја. Инаку, во униформа на царштината, тие би биле херои, елитни добри Бугари.
Гоце, не е мртов. Тој е рожба на македонската слободарска мисла. Воздигнат од гневот кон негаторите и поробителите. Челник е во сите наши победи. Вткаен е во битта на секој Македонец. Неговата мисла е присутна меѓу Асномците, меѓу борците джавотворците. Во песните и надежите.
Гоце, кога и мртов од Софија, со плач исптратен од Македонците, си доаѓаше дома, по негова желба, во главниот град на македонската држава, патот му беше со цвеќе постилан. Дочекуван и со солзи радосници оплакуван.
Гоце и денес победува, зашто Македонците од сите три дела на распарчената Татковина ги обединува.
Гоце е врвот од Пантеонот на непокорот.
Од Фејсбук ѕидот на авторот




