Published: Wednesday, April 29, 2026 21:36
Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
Разговорот бил на иницијатива на руската страна и траел околу час и половина.
Путин одлучно го осудил обидот за атентат врз претседателот на САД и изразил поддршка за американскиот лидер.
Лидерите разговарале за ситуацијата во Иран и Персискиот Залив, пренесува Спутник.
– Русија ги продолжува активните контакти со Иран и земјите од Персискиот Залив, Израел и САД – наведе Ушаков и додаде дека Путин смета дека е правилно да продолжи режимот на прекин на огнот бидејќи тоа ќе придонесе за стабилизација на ситуацијата.




