НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

“Проститутката” Мила им се обрати на пратениците

0
By Нова ТВ on March 11, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


„Се викам Мила- Сексуална работничка или народски кажано “проститутка” со фини облини, кежуал стил на облекување (иако знам дека ме замислувате во тесен црвен минич и 13-ка црвен лак потпетица). Навидум и не сум толку кротка и мила. Општественото живеење полно со жигосувања, тепања, клевети, закани и уцени, ме направи да бидам остра, најчесто само критична не само кон своето облекување, туку кон целото свое општествено однесување“.

Ја пронајдовме Мила, штотуку вратена од Виена. Сега работи во Скопје, во високите кругови. Нема макроа, има клиенти и добро заработува. Сепак, живее во страв да не биде откриена, бидејќи, како што вели, македонското општество не ги прифаќа сексуалните работнички, туку само ги користи нивните услуги!

Во своето отворено писмо Мила им се обрати на пратениците кои побараа легализирање на проституцијата во земјава. Меѓу нив и Есад Рахиќ, кој нотира дека од пред десетина години, кога заедно со својот колега Иван Анастасовски пред пратениците проговорија за потребата од ваков закон, нештата се сменети-само на полошо!

Сексуалните работнички немаат никакви права во ова општество, велат од невладината СТАР-СТАР. Од полицијата се плашат бидејќи се исмевани, па насилството го пријавуваат и помош бараат токму во граѓанските зруженија. Само во текот на минатата година, на отворената линија во оваа организација се јавиле 208 работнички, 62 побарале здравствена заштита, 22 биле жртви на насилство.

И Мила бара ова, како што вели, општество на испревртени стандарди да го признае постоењето на „Дамите на ноќта“. Уморна е од бесплатното пенетрирање на полицијата, од сензационализмот и спектакуларните апсења на кејот на Вардар, од искористувањето на девојките за дневно политички цели. Затоа и тогаш кога е жртва, одбира да молчи.

Земјите од Европската Унија одама го признаа постоењето на сексуалните работнички-тие се заштитени, државата заработува. Ова занимање се најде во регистрите за вработување и кај нашите соседи од „закоравениот“ Балкан. Во Македонија пак полесно е да се молчи. Сите знаат каде може да се добие секс за пари, ама проституцијата останува табу тема и дело што се казнува со закон.

До кога?-прашува Мила.

АВТОР: ЈАСМИНА ЈАКИМОВА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.