Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До над партиска ЕУ платформа и до национален ЕУ консензус

0
By Zoran Ivanov on May 26, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 26, 2026 13:18

Геополитички моментот не е поволен за пасивно чекање. Албанија ги отвори сите кластери, а Црна Гора продолжи да затвора поглавја. Прозорецот не е вечен, а ризикот да останеме „заглавени додека соседите се движат напред“ е реален

 Тони Поповски

Мој предлог како граѓански активист за надпартиска платформа и создавање на национален консензус околу начинот за продолжување на преговорите за пристапување во ЕУ и европската иднина на државата.

Зошто не е добро „подобро без ЕУ отколку со бесконечни билатерални услови“

На кус рок, оваа позиција носи домашна политичка добивка за Владата бидејќи проектира пркос и цврстина и следствено мобилизира голема поддршка особено кај етничките Македонци. Но геополитички и економски има цена:

– Стратегија на чекање не ја придвижува Македонија напред во преговорите. Европската комисија и Советот и понатаму ја третираат уставната измена како услов за да се отвори првиот кластер. Советот во декември 2025 повторно нагласи дека се потребни „брзи и решителни“ чекори.

– Економски, долготрајно замрзнување на процесот е скапо. ЕУ е убедливо најважниот трговски партнер и за ваква економија како нашата, најголемата заштита е подлабока интеграција со европскиот пазар, наспроти геополитичко лебдење.

– Геополитички моментот не е поволен за пасивно чекање. Албанија ги отвори сите кластери, а Црна Гора продолжи да затвора поглавја. Прозорецот не е вечен, а ризикот да останеме „заглавени додека соседите се движат напред“ е реален.

– Новата германска иницијатива покажува дека ЕУ се движи кон побрза и постепена интеграција за државите што напредуваат.

Во таков контекст, стратегијата „подобро без ЕУ отколку со услови“ ризикува да не остави надвор не само од полноправното членство, туку и од новите форми на економска и институционална интеграција што веќе почнуваат да се отвораат за регионот. Ако ЕУ почне да нуди постепени придобивки и забрзана интеграција за земјите што се движат напред, тогаш ризикот да останеме надвор и од полноправното членство и од новите меѓуфази на интеграција е повеќе од реален. Со други зборови: може да се создаде „двобрзински Балкан“ во рамки на проширувањето.

Зошто не е добро ни „подобро веднаш без обид за превенирање понатамошна билатерализација, отколку без ЕУ“

– Рамката за преговори најмногу поради начинот на носење на одлуки во Советот на ЕУ процедурално не може да го затвори просторот за нови билатерални барања. Ова за последица има дека иако формално со носењето на уставната измена би се придвижиле, суштински остануваме ранливи на нови билатерални блокади за прашања надвор од Копенхашките критериуми.

– Формално, проширувањето треба да се темели на Копенхашките критериуми: владеење на право, институции, економски капацитет и усогласување со правото на ЕУ. Но билатерализацијата го поместува тежиштето од реформи кон историско-политички спорови.

– Неизвесноста на процесот ја намалува вредноста на компромисот. Клучниот проблем е недостатокот на веродостојна гаранција дека со тоа процесот навистина ќе стане предвидлив. Ако државата прави крупен политички и уставен чекор, а притоа нема механизам што спречува нови блокади, тогаш се создава чувство на „отворен процес без јасен крај“.

– Процес без јасни гаранции за ова прашање веќе создаде хронична политичка криза кај нас. Оттаму секој нов билатерален услов ќе се чита како доказ дека „отстапките не функционираат“, што дополнително ќе ги зајакне евроскептичните и антизападни наративи. Ако ЕУ продолжи да дозволува национални прашања на земјите членки да доминираат над заедничките критериуми, тогаш Унијата ќе испрати порака дека процесот е политички, а не нормативен. На Балканот тоа отвора простор за влијание на трети актери кои ја користат фрустрацијата од европскиот процес.

Што е најдобро на кус рок?

На кус рок најрационално за Македонија е владата недвосмислено да демонстрира про-ЕУ политика, за да не остави впечаток дека државата намерно се изолира. Државата треба да испорача сè што не зависи од Бугарија: владеење на правото, антикорупциски мерки, професионализација на администрацијата, јавни набавки, енергетска и транспортна поврзаност. Притоа, препорачливо е во рок од 6 – 12 месеци агресивно да се испорачаат реформи на:

– судскиот совет и судска независност,

– мерливи резултати во борбата против корупцијата,

– нов Кривичен законик усогласен со ЕУ стандарди,

– модернизација и деполитизација (во измерливо голем обем) на јавната администрација,

– финализација на трите патокази.

Второ, наместо апсолутни формули од типот „ниту милиметар“, треба да се бараат гаранции дека процесот продолжува без нови ад хок историски или идентитетски условувања. Ова не значи „без услови“, туку услови што се поврзани со европското право и Копенхашките критериуми.

Дали може да се промени рамката за преговори?

De jure (формално) – Да, може да се измени, но бара едногласност во Советот на Европската Унија што практично значи согласност од Бугарија и од сите други членки, за што веројатноста е екстремно ниска, а со тоа и потребата од вложување примарен дипломатски напор во таа насока е многу дискутабилна. Оттаму, како најпрактично се наметнува реал-политичкото прифаќање на рамката како даденост.

Од друга сттрана, de facto (практично) рамката може да се надгради преку заклучоци на Советот на ЕУ или на состанок на Меѓувладината Конференција со ЕУ 27 (на таа маса сме веќе седнати и состанокот би се свикал автоматски после носење на уставните измени).

Советот но и МВК имаат мандат да ја интерпретираат рамката (доколку барањето се цени за оправдано) и да даваат политички насоки за поефикасно и поефективно водење на преговорите. Овие заклучоци не ја менуваат рамката, но можат да ја насочат нејзината примена. Основа за формулирање на заклучоци со кои би се гарантирало одвивање на преговорите исклучиво засновано на Копенхашките критериуми, би биле изјавите на Урсула вон дер Лајен и Шарл Мишел дадени во Скопје во пресрет на собраниската одлука да се прифати рамката како и последните изјави на Антонио Кошта. Заклучоците можат да се подготват и врз основа на Резолуцијата на германскиот Бундестаг „Активно поддржете ја Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“, усвоена во јуни 2023 година, со која германскиот Бундестаг експлицитно ги признава македонскиот јазик, култура и идентитет како дел од европската културна разновидност. Во текстот се нагласува дека различните јазици и идентитети се интегрален дел од европското наследство и се дава силна поддршка за членството на Северна Македонија во ЕУ, при што се оценува дека интеграцијата на земјата е важна не само за државата, туку и за стабилноста и кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан. Особено важен е делот каде Бундестагот бара Бугарија да го поддржи европскиот пат на Северна Македонија во рамките на веќе постигнатиот компромис и да се воздржи од поставување нови билатерални услови. Резолуцијата истовремено ја поддржува имплементацијата на европскиот компромис од 2022 година, односно продолжување на реформите и исполнување на преземените обврски како дел од пристапниот процес.

Притоа, не може да се добие „класична гаранција“ во записник што ќе го исклучи ветото, но може да се изгради позиција што го прави ветото надвор од Копенхашките критериуми и правото на ЕУ, политички и процедурално поскапо и потешко одржливо. Репутацијата на државите во Брисел нема само симболична тежина туку има суштинско влијание врз дистрибуцијата на моќта и придобивките.

Поврзано со „добрососедството“ како критериум, истото е вградено во Договорот за стабилизација и асоцирање со ЕУ (склучен во 2001, а стапи на сила во 2004 година) и ЕК повеќе од 20 години известува за овој критериум рефлектирајќи притоа и на степенот на спроведување на билатералните договори и други спогодби кои ги имаме склучено со сите наши соседи. Нашата структурна ранливоста на перцепција за „квалитет на меѓусоседските односи“ не е од сега или од 2022 туку две декади претходно, бидејќи квалитетот на билатералните односи е процедурално вграден за државите од ЗБ во пристапниот процес уште од 2001 година наваму. Ова наложува потреба од постојано демонстрирање на добра волја и проактивен однос на договорните страни но не создава експлицитна обврска за решавање на идентитетски прашања доколку не е наведено како (разграничувањето) во Преспанскиот договор наспроти Договорот со Бугарија каде нема експлицитни одредби освен за „заедничката/споделена“ историја, а која одредба е предмет на толкување и дискусија низ наменска – стручна Комисија.

Имајќи го сето ова во предвид, паралелно е препорачливо, во Уставниот закон со кој би се направиле уставните измени да се вгради уставна заштитна клаузула со која би се уредило дека измените би стапиле на сила веднаш но нивната примена да се поврзе исклучиво со Копенхашките критериуми и европското право. Доколку процесот биде блокиран поради причини надвор од овие критериуми и правото на ЕУ, примената би се суспендирала сè додека процесот на преговори не продолжи на соодветен начин. Аргументот е дека доколку направиме неповратна уставна отстапка исклучиво за целите на пристапувањето во ЕУ, рационално е да се заштитиме таа отстапка да не може бесконечно да се злоупотребува доколку пристапниот процес потоа биде блокиран по основи што не произлегуваат од Копенхашките критериуми и правото на ЕУ. Уставната заштитна клаузула треба да биде формулирана од врвни домашни уставни експерти и, по можност, претходно тестирана во однос на принципите на Венецијанската комисија. Истовремено треба да биде правно софистицирана, односно доволно тесно и прецизно формулирана за да не изгледа како избегнување на превземена обврска.

Што е најдобро на подолг рок?

Најдобро за Македонија е членство во ЕУ, а не трајна неутрална или периферна позиција. Долгорочно, постепеното интегрирање во ЕУ кое би кулминирало со полноправно членство нуди:

– најсилен механизам за конечно владеење на правото и правдата,

– пристап до поголем капитал, фондови и единствен пазар со сите поврзани социо-економски придобивки за сите граѓани во Републиката, и

– безбедносно-геополитичко сидро во период кога Европа забрзано се реорганизира околу безбедност, индустриска политика и стратешка автономија во мултиполарниот свет.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

колумна Тони Поповски ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

ВЕСТИ May 26, 2026

Новото задолжување на државата наиде на жестоки критики од опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, која…

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

May 24, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.