Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марибор: Објавено словенечкото издание на „Venec za Iskro – Венец за Искра“ на Милан Јазбец

0
By Zoran Ivanov on June 18, 2026 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 18, 2026 09:37

Во издание на „Културни центер Марибор“ од Марибор излезе словенечкото издание на двојазичната словенечко-македонска стихозбирка „Venec za Iskro – Венец за Искра“ на проф. д-р Милан Јазбец, словенечки дипломат и поранешен словенечки амбасадор во Македонија (2016-2020), универзитетски професор, писател и поет, автор, коавтор и уредник на повеќе од сто книги од разни области.

Стихозбирката, која всушност е своевиден автохтонен сонетен венец, во себе го содржи творечкиот порив со чест, гордост и љубов да се воспеат животните и творечките врвици на Искра Чоловиќ (1960, Скопје – 2023, Скопје), доајен на македонското радио-спикерство, новинар, бележит македонски публицист и, пред сѐ, голем и прекрасен човек со посебна харизматичност и ведрина во која се пресоздаваше, возобновуваше убавината на еднаш и кратко дадениот живот.

Искра Чоловиќ во својата 22-годишна спикерска кариера, покрај презентацијата на вести и информации во централните информативни емисии на Македонското радио – Радио Скопје, сними повеќе илјади документарни прилози и емисии за сите три програми на Македонското радио, кои се дел од богатата и непроценлива аудио-документација на Македонското радио. Како новинар во Детско-образовната редакција на Македонското радио – Радио Скопје, таа беше автор на емисиите за деца: „Добро утро, љубопитни“, „Мал радиовесник“, „Шарена емисија“, „Нова планета“, „Меридијани“, „Детско катче“ и „Утрински жуборења“, кои беа едни од најслушаните на програмите на Македонското радио – Радио Скопје. Покрај тоа, Искра Чоловиќ беше автор и коавтор на специјалните радио-емисии: „Чекор во Старата скопска чаршија“ – (I-III), (1998), „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!“ – (I-V), (2013), „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот” – (I-II), (2015), „Македонското радио – бастион на македонскиот литературен јазик“ (2014) и „Слободата и достоинството – основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи“ (I-VI), (2015).

Како истакнат македонски публицист Искра Чоловиќ беше автор, коавтор или приредувач на 14 книги од областа на литературата, културата и меѓукултурниот, меѓуцивилизацискиот и меѓурелигискиот дијалог. Заедно со Свето Стаменов, таа беше најзаслужна за повторното откривање, односно за симнување на речиси тридеценискиот вел на ненамерна или намерна заборавеност и речиси целосен молк за првата македонска поетеса Даница Ручигај (1934-1960), која загина во скопскиот катастрофален земјотрес на 26 јули 1963 година, но која остави неизбришливи траги не само во современата македонска поезија, туку и во македонската култура воопшто. За Даница и за нејзиното творештво, заедно со Свето Стаменов, таа ги објави следниве книги: „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ (2016), „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!“ (2017), „Лабудова песма Заробљенице ветра“ (2019), „Даница Ручигај: Песна над песните“ (2020) и „Даница Ручигај и книжевната критика“ (2021). Исто така, беше приредувач на книгите на Даница Ручигај: „Сребрени ноќни игри & Заробеници на ветрот“, која излезе во 2003 година по повод четириесетгодишнината од трагичната смрт на Даница Ручигај, „Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“ – јубилејно издание по повод шеесетгодишнината од трагичната смрт на првата македонска поетеса Даница Ручигај (1963-2023), како и на српското издание „Сребрне ноћне игре и Заробљеници ветра“. Исто така, таа беше и приредувач на антологијата на песни посветени на Даница „Недореченост, о проклета да си“ (2018), како и коавтор на изложбата на факсимили на рачно напишани песни посветени на Даница Ручигај (2018). Во 2023 година, неколку месеци пред нејзината ненадејна смрт, заедно со Свето Стаменов, го реализира краткометражниот документарен филм „Даница Ручигај: Песна над песните“, исто така, по повод шеесетгодишнината од трагичната смрт на Даница Ручигај. Покрај тоа, таа беше и еден од приредувачите на првата антологија на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес „Ден судбоносен – 26 јули 1963“, која беше посветена на 55-годишнината од скопската катаклизма, а беше и коавтор на книгите: „Поглед врз Старата скопска чаршија“ (прво и второ изменето издание – 1997 и 2003) и „Слободата и достоинството – основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи“ (2015).

Во нејзина чест постхумно беа објавени специјалните изданија: „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“, „Лабудова песма Заробљенице ветра“ (кирилична верзија), „The Swan of the Prisoner of the Wind “ и „Labudova pesma Zarobljenice vetra “ (латинична верзија), кои ги приреди поранешниот словенечки амбасадор во Скопје, универзитетски професор, писател и поет Милан Јазбец.

„Venec za Iskro – Венец за Искра“ на Милан Јазбец е уникатна поетска приказна за жената, која со својот уникатен стил и постигнувања го збогати македонскиот медиумски радиски простор, интонирајќи го со својот извонреден автентичен спикерски потенцијал и дефинирајќи го со својата врвна уметничка умешност, со што постави високи стандарди на македонскиот радиски журнализам. Содржината на стихозбирката ја составуваат Вовед: Етер (пет стиха), Радио серија: Емисии (дванаесет емисии по седум стиха) и Магистрал (дванаесет стиха), а до секоја песна како илустрација приложени се факсимили од ракописот на словенечки и на македонски јазик.

Во стихозбирката е поместена и „Pesnitev za Iskro“ која всушност е скратена варијација на „Венец за Искра“ и која се состои од  Uvod: Eter,  Prehod: Življenja ris и Magistrale: Ime zveneče. Стихозбирката од словенечки на македонски јазик ја препеа словенечката поетеса и преведувачка од македонско потекло Соња Цекова Стојаноска, а дизајнот на корицата е на младата македонска графичка дизајнерка Бојана Симевска.

„Venec za Iskro – Венец за Искра“ е збогатена со пригодни текстови на: Мартин Лузар („Професија како дом“), проф. д-р Васил Тоциновски („За достоинството и за убавината на зборот“, проф. д-р Димитар Пандев („За континуитетот на словенечко-македонските книжевни врски“) и проф. д-р Александар Сандевски („Искра – тивка светлина што никогаш нема да згасне“).

 

искра Јазбец чоловиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.