Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

0
By Zoran Ivanov on June 28, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 28, 2026 19:06

Женските термини на градскиот базен во Тетово како тема, ако веќе се дебатира за тоа, заслужува поголема сериозност и почит, а не потсмев, етнички презир и исламофобична хистерија. Клучните прашања се: Зошто дел од жените досега не го користеле тој јавен простор? Што треба да направи една општина за спортот, рекреацијата и здравјето да бидат подостапни за сите? И како јавната институција да одговори на такво барање?

Џабир Дерала

Одлуката на Општина Тетово да овозможи два термини неделно на градскиот базен само за жени и девојчиња отвори жестока јавна дебата. Според објавените информации, станува збор за ограничен распоред: среда и сабота, од 8:30 до 12:00 часот, додека во останатите термини базенот функционира според редовниот летен режим. Образложението на општината е дека дел од жените побарале можност да го користат базенот без присуство на мажи.

Морам да признам, оваа вест не ја ни забележав, но не можев да не ги забележам брановите од „загриженост“. Исто така, морам да кажам дека не успеав да формирам став веднаш, ми требаше малку време за читање и истражување на темата за да седнам да го напишам ова денеска.

Ако воопшто мораше да се покрене, дебатата требаше да започне кај соопштението на општина Тетово – кои се фактите, кој бара и што се добива. Веројатно е излишно да повторам дека дебата во јавноста не се води со потсмев, етнички навреди и (премногу лесното) лепење етикети за „назадност“. И секако, не со исламофобичниот рефлекс според кој секое барање што доаѓа од Албанки или муслиманки веднаш се чита како закана за секуларноста, модерноста или „европските вредности“.

Жените што бараат пристап до јавен базен не се назадни. Назадни се они чиј прв рефлекс е да шират омраза и страв, наместо да постават неколку логични прашања.

Ќе ги поставам јас:

Зошто дел од жените досега не го користеле тој јавен простор? Што треба да направи една општина за спортот, рекреацијата и здравјето да бидат подостапни за сите? И како јавната институција да одговори на такво барање?

Најразумна позиција во овој случај е да се одговори на тие неколку прашања. Ништо друго. Но! ,Некои (не малку) ова го претворија во крстоносна војна за спас на нацијата.

Мојот заклучок е – да, јавен базен може да има ограничени женски термини ако целта е поголем пристап, безбедност, приватност, рекреација, здравје и учество на жени кои инаку би останале исклучени од јавниот спортски и рекреативен простор. Особено ако таквата мерка е јасно образложена како политика на еднаквост и пристап, не како религиска порака, морална норма или модел за одвојување на жените од јавниот живот.

Мерката навистина може да се прочита како културен или религиски аргумент за скромност од верски побуди. Секогаш постои ризикот јавниот простор да почне да се прилагодува на идејата дека одвојувањето на жените и мажите е општествена норма. Тоа е моментот во кој секуларноста, еднаквоста и улогата на властите може да станат предмет на дискусија. Од друга страна, ако дел од жените ја користат оваа одлука во согласност и со своите верски убедувања – имаат право на тоа.

Северна Македонија е секуларна држава. Уставниот поредок гарантира еднаквост на граѓаните без оглед на полот, верската припадност и другите лични својства, а верските заедници се одвоени од државата.

Општината ја исполни обврската да ја објасни оваа мерка како граѓанска, пропорционална и транспарентна. И не кажа дека ја намалува слободата на жените да го користат базенот и во другите термини. Сепак, по брановите со отворен и/или прикриен говор на омраза, не сум сигурен дека тоа заврши работа, бидејќи омразата, презирот и фобиите не се потпираат на рационални ставови и официјални соопштенија. Наративите се подготвени пред настаните и да се случат.

Пребарувајќи по интернет архивите поврзани со оваа тема, дојдов до заклучок дека тетовската мерка не е непозната пракса светот. Женски термини во базените постојат и во држави што не се муслимански, вклучително и во општества со доминантно христијанско население.

Во Велика Британија, официјалните насоки за еднаквост дозволуваат одделни или еднополови услуги кога тие се пропорционален начин за постигнување легитимна цел: приватност, достоинство, здравје, безбедност или спречување исклученост. Дури и примерот со женски термини на базен се наведува како редовна можност, особено затоа што мешаните термини се доминантен модел.

Во Канада, вакви програми постојат како дел од општинската рекреативна понуда. Градот Едмонтон во Канада има програма „само за жени и девојчиња“, со термини за пливање, џакузи и парна бања. Во Торонто, јавните рекреативни програми исто така содржат термини за женско пливање. Таму тоа најчесто не се претставува како цивилизациска драма, туку како политика за пристап до јавни услуги.

Во Австралија, јавен базен во Аубурн, Сиднеј, има женски термини и завеси за приватност. Дел од јавноста реагирала остро, со обвинувања за „назадност“, па дури и со споредби со апартхејд. Но, локалниот совет ја одбранил мерката како практична потреба за жени од различни возрасти и средини, но и за други корисници на базенот, вклучително и постари лица, лица со попреченост и пациенти на физиотерапија. Слични женски термини постоеле со години и во други општини низ Австралија.

Во САД, во Бруклин, женски термини на јавен базен биле поврзани со потребите на ортодоксните Еврејки. Тогаш се појавиле приговори дека таквата практика може да биде во судир со јавните правила против дискриминација и со принципот на одвоеност на религијата од државата. Градските власти прво ги укинале термините, но ги вратиле по бурните јавни реакции. Овој пример е особено важен бидејќи ја покажува истата тензија: религиски мотивирана скромност, јавен пристап, секуларно право и еднаков третман.

Во Данска, женските термини за пливање поврзани со муслиманки станаа дел од поширока политичка дебата. Во градот Архус, такви активности постоеле околу една деценија и биле добро посетени, но по долг политички спор, локалниот совет изгласал забрана за женски термини во јавните часови. Дебатата се води околу прашањето дали ваквите мерки им помагаат на жените да учествуваат во јавниот живот или, напротив, создаваат одделни паралелни простори.

Овие примери ми покажаа дека прашањето не е едноставно, односно дека јавноста често реагира премногу бурно, но и со двојни стандарди. Во едни случаи, женските термини се гледаат како пристап и инклузија. Во други, како ризик од нормализирање на родова поделба. Но тие покажуваат и уште нешто: кога вакви програми се појавуваат во западни, односно доминантно христијански средини, често се нарекуваат „женски програми“, „пристап“, „приватност“, „безбедност“, „здравје“ или „инклузија“. Кога се појавуваат во мултикултурни средини како во случајот со Тетово, веднаш добиваат муслимански или албански контекст и брзо се етикетираат како „религиска сегрегација“, а поточно – како национална закана од прв ред.

Тоа е двоен стандард.

Да се исмеваат жените што побарале пристап до базен е лесно. Да се разбере зошто некои жени досега не се чувствувале слободно да го користат тој јавен простор е потешко. Да се брани секуларноста, а притоа да не се понижуваат жените и да не се настапи примитивно националистички, изгледа, е најтешко. Но токму тоа е задачата на една демократска јавност, ако реши да се занимава толку длабоко со оваа тема, да дебатира нормално и со разбирање и широчина. А не како од тоа да зависи опстанокот на државата.

На сите неволји со кои се соочуваат сите граѓанки и граѓани во земјава во која нема политички ентитет спремен да одговори на суштински прашања, оваа дебата изгледа вештачки наметната и многу успешно се експлоатира за одржување на етничката и верската омраза. Многу ми е криво што голем број „прогресивци“ ја лапнаа и оваа, како и многу други такви јадици претходно. А тоа е дебата што допрва треба да се отвори, ако некој воопшто има смелост за тоа.

За крај, им посакувам пријатна рекреација на граѓанките во Тетово и повеќе свежина во умот на оние што отворено или притаено ги мразат „другите“.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

колумна Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.