Верниците од исламска вероисповест за в петок планираат мирни протести во Скопје со цел да го изразат својот револт поради продолжување на градежните работи на местото на Бурмали џамијата.
Во моментов Реис Ул улема Сулејман Реџепи е на состанок со скопското муфтиство каде ќе биде донесена одлука за тоа како ќе се делува в петок.
Реисот веќе имал средби со американскиот и турскиот амбасадот во земјава.
Како што информираше за НОВА, Јасмин Реџепи, член на кординативното тело на невладините организации кои ја подржуваат одлуката на ИВЗ, Реисот веќе остварил контактот со дипломатскиот кор во земјава и по констатацијата дека не треба да се излегува на протест поради чувствителната атмосферата во Скопје, досега неколку пати протестите биле одложувани.
„Ние не се откажуваме, градежните работи на местото на поранешната Бурмали џамија мора да запрат и земјиштето да се врати во владеење на ИВЗ“, објаснува за НОВА, Јасмин Реџепи, кој е еден претставник од над 70-те невладини организации кои во знак на поддршка на ИВЗ в петок би излегле на протести.