НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се зајакнува системот за помош, ситуацијата со мигрантите ќе трае

0
By Менче Атанасова Точи on July 2, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синот на Сириецот кој почина од срцев удар, не дозволува телото на неговиот татко да биде погребано во Македонија. Информацијата за НОВА ја потврдија во УНХЦР. Тој е веќе во државата, откако по дводневно чекање влезе во Македонија, преку Грција. Со себе имал само времен документ за престој во Германија, поради што не го пуштаа на граница.

„Тој одлучил телото на неговиот татко да го однесе далеку од тука, да го погребе во Сирија или Либија, а вели дека целиот трошок ќе го понесе самиот“, велат во УНХЦР.

Со себе ќе го земе и малолетниот брат кој беше сместен во згрижувачко семејство, откако почина татко му.

Не се знае колку бегалци има во меѓузоната на границата меѓу Грција и Македонија, но нивниот број постојано се зголемува. Додека чекаат да ја поминат границата остануваат со денови на сонце и дожд, таму ноќеваат.

Од Црвениот крст велат дека оваа ситуација ќе потрае и тие со уште неколку хуманитарни организации се обидуваат да го зајакнат системот за помош. Веќе се реорганизираат во две смени и имаат мал пункт во Гевгелија. Во четири мобилни екипи, 120 волонтери и 20 професионалци се распоредени на границите со Србија и со Грција.

Според Сузана Тунева која го координира делот со бегалците, првото сценарио е да им се овозможат хигиенски услови додека се таму, во меѓузоната, за да не се развијат заразни болести. Ќе се поставуваат подвижни тоалети, контејнери, дистрибуира хуманитарна помош. За таа цел веќе добиле 200.000 франци од Меѓународниот црвен крст.

„Тешко е да се утврди колку бегалци има таму. Ќе одиме двапати во неделата во меѓузоната да истражиме колку луѓе има и што треба да однесеме..Двапати однесовме хуманитарна помош за 800 луѓе, храна, кебиња, хигиенски средства. Полека се прави систем бидејќи ова ќе потрае. Се координираме и со другите хуманитарни организации , во кои делови од денот да се вклучат тие, во кои ние“, изјави за НОВА, Сузана Тунева од Црвениот крст.

На бегалците веќе им се дистрибуираат флаери на арапски и англиски јазик
во кои има упатства каде да се обратат, каде има мобилни тимови за помош, како да се движат низ државата и слично. Ќе се делат флаери и на француски и арапски, а во наредните денови и на три од нивните локални јазици, велат во Црвениот крст.

Бегалците добиваат бесплатно лекување, а епидемиолошкиот надзор функционира во Гевгелија. Токму во овој град има и најмногу медицински интервенции кај бегалците кои доаѓаат уморни, со повреди на нозете, со кожни инфекции.

Веќе е најавено дека општининските власти во Гевгелија заедно со претставници од УНХЦР и на Меѓународниот Црвен крст ќе градат специјален пункт во градот за мигрантите кои пристигнуваат преку границата меѓу Македонија и Грција.

Во моментот ниту една од државите не го покренува прашањето во меѓузоната на границата со Грција и Србија, да се подигнат шатори за да им се олесни на луѓето, да има каде да се одморат и заштитат од сонцето и дождот. Не се подготвува терен и во случај ситуацијата да ескалира, доколку Унгарија ги затвори границите

„Веќе не станува збор за хуманитарна криза, ова е феномен“, вели Тунева.

Се проценува дека дневно по 3000 мигранти поминуваат низ Македонија. Откако беа донесени измените на Законот за азил за две недели биле поднесени повеќе од 6000 барања за азил, велат во МВР.

Ниту еден од мигрантите досега не побарал да остане во Македонија.

Единствено семејство кое најдолго останало, бидејќи жената се породила тука, си заминале од државата кога бебето направило седум месеци.

Тие биле Сиријци, христијани, а биле сместени во Штип.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

ВЕСТИ August 24, 2025

Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика…

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.