НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ништо од очекувањата за подобар живот на Ромите

0
By Нова ТВ on March 14, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На две години до завршувањето на Декадата, очекувањата за подобар живот на Ромите во Македонија пукнаа како меур од сапуница…

По 547 денари годишно за секој Ром, толку одвои државата годинава и тоа за здравство, образование, домување, вработување, па и за култура. И ова е најголемата сума дадена досега вкупно 29 милиони денари. Заокружено можеби изгледа и многу, но ако се земе во предвид фактот дека официјално во земјава живеат 53 илјади Роми, односно двојно повеќе според невладините организации, со вакви средства тешко дека ова население може вистински да се интегрира во општеството.

Исние се смета дури и за среќна што има кров над глава во Шуто Оризари. 8 години од почнувањето на Декадата и многу празни зборови за подобар живот, таа изгубила надеж дека набрзо нешто и ќе се смени. Со социјална помош од 1800 денари, и две малолетни деца, тешко се живее.

Нигде не работиме никој. Само од социјално живееме и тоа мизерен живот. Сакаме да работиме, но нема работа“, вели Усеин Исние.

Сиромаштијата одамна тропнала и на вратата на нејзиниот сосед. Роден Скопјанец, некогаш вработен во Фас. Декадата го одминала и Мустафа.

„Што видовме аир од оваа Декада, Нека излезе некој и нека каже. Овие политичари до каде ќе не водат вака, со кажење не иде , напрај па докажи. Тоа е декада“, револтирано зборува Мустафа Ибраим.

Декадата на Ромите како меѓународна иницијатива започна во 2005 година, Истовремено македонската влада донесе стратегија и детални акциони планови за подобрување на животот на Ромското население во 4 области: образование, здравство, домување и вработување. Ваквата работа наиде на пофалба од меѓународната заедница, но се до моментот кога плановите требаше да се спроведат и на дело. Оние кои ги пишуваа, заборавија да предвидат дека за нивна реализација, требало да се донесе и реален буџет.

„Значи стратегијата не беше водена од принципот прво на креирање на финансиски средства, а потоа и на правење планови како да се трошат парите. Сметам дека обратниот процес при нејзино креирање е причина зошто сега се соочуваме со овој проблем.

Стратегијата како документ е квалитетна,. Економската ситуација во која се наоѓа нашата држава го ограничува практичното имплементирање на плановите во оваа област“ вели Јаше Сефер- шеф на кабинет на Министерот без ресор

Љатифа ја најдовме во градинката во Шутка. Важи за еден од највредните активисти меѓу ромското население. Во брзаницата меѓу неколку состаноци, едукација на децата и родителите, но и постојана борба го грдата реалност, најде време да ни каже дека државата не е висински заинтересирана за вистинска интеграција на Ромите.

Сеуште стренските донатори изгледа се позаинтересирани за решавање на проблемот со интеграцијата на Ромите од сопствената држава. Ние како НВО –а, често бевме повикувани при правењето на тие планови кои сепак завршуваа во некоја од фиоките по Министерствата.“, појаснува Љатифа.

Со „Амбрела“ Љатифа работи главно на проекти од областа на здравството и образованието. Овде е нотиран и најголем напредок. За неа сега е најважно новите генерации да станат дел од системот и затоа инсистира на вклучување на младите Роми во нивните програми. Меѓу нив и синот на Усние, кој без помошта на граѓанските здруженија тешко дека ќе успееше да тргне во средно училиште.

Јас сакам моите деца да се школувани, а не да останат неписмени како мене. “, вели Усеин Исние.

Ќе биде ли потребна барем уште една декада за поместување на работите напред? Животот во беда е реалност за Шутка, најголемата ромска општина на Балканот. За да биде иронијата поголема, најголем дел од државните средства се слеваат овде. Надвор од Скопје условите за живот се уште полоши. Декадата за овие луѓе веќе не значи ништо.

Откако еуфоријата спласна, нив ги дочекаа 8 години празни зборови, проекти на хартија и неисполнети ветувања на ромските политичари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.