НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оф аман,аман

22
By Нова ТВ on March 14, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Читам нешто за ова, АМАН, аман-заман, струја, парно, паушал… па да напишам и јас нешто.

Нови чекори за зголемување на буџетот, за доброто на народот, а тоа сме сите.

Прво: Единствено добро што направи Владата досега е што донесе закони за опстанок на парното во Скопје. Од програмата за поддршка на паразитите. Ако ставил татко ти парно пред 30 години, ти луд ли си да го откажуваш? Ти луда ли си мори, парно да вадиш? Парно е тоа, цивилизација, а не… ебате сељаците, Балканци, нејќат парно?

А што сакаат, пак Водно ли да се сече? Сезоната за парно е пола година, а другата половина вработените дибидус-паразити ќе си чмаат на работа и ќе си пијат кафенце, или нека си измислуваат нешто ѓоа работат, од шупливо во празно, нивна работа. Јасно. Паразитот е најдобар гласач, европски, секогаш благодарен. Ај добиј на избори без паразити, или пензионери, ај да те видам!

Кој нема парно, а има цевки, што да му правиме… има да си плаќа, па нека не се грее…така ќе го заебеме. Така, секој сопственик на парно греење ќе е вид кираџија на топлачите, а од тие парички…оп, во буџетот. Има и за владата, има за народот, има за сите. Добра политика… од авион се гледа. Но, недоволно, не е доволно.

Второ: Ако купил татко ти кола пред 20-30 години, ти сега не сакаш бензин? Па добро, дали си ти нормален? Дали си или не си? Па ти не си нормален, ниту таа е нормална. Да се воведе паушал на бензин! Извинете, дами и господа (и внуци) од Владата, што вака ви поткажувам што да правите, ама ова не се трпи!

Каква дрскост, безобразие, простаклук… да живееш во град, урбана средина, а да не сакаш бензин да купиш… ако, смеј се, ама ќе ти воведеме паушал, ќе те заебеме и тебе. Нов предлог закон: Доколку некоја личност, самата има, имала, или е во сродство што некој некогаш имал, поседувал возило (автомобил, моторче, камион, цистерна, автобус итн) мора да купи месечно бензин или друго гориво (нафта, гас, газија) во износ не помал од 5.ооо (пет илјади) денари, инаку е обврзан да плаќа месечен паушал од 3.ооо(три илјади) денари.

Гледате ли како сум го смислил. Алал за мене, аман за вас. Закон за мерак. И оп, еден-два, паричките во буџетчето, за народот, а тоа сме сите.

Трето: Што се овие глупости, аман ефтина струја, скапа струја? Аман од вас, ебате тоа нецивилизираните. Кај се видело, скапа-ефтина струја? Струја си е струја! Ај да те видам брцни прсти во штекер на ефтино, нема да те фати струичка? Нема да те здрма? Пробај, ако немаш друга работа… Ц,ц,ц,…им чади главата на ова протестантиве. Аман, заман, аман од нив.

Едвај собраа 10 илјади потписи, а наспроти нив неброени илјади паразити. Душата на системот. Си плаќаат струја важно. А паразитот е најдобар гласач, да повториме. Да не се заборави. Мислам, да се воведе паушал и за струја. Зошто ти се дома тие лустери, машини за перење, сијалици, штекери… за мадро да седат? За курташак? Така да им врви времето? Па тие се таму за да трошиш, ебате тоа простиот.

Му се забелил тоа штекерот на ѕид, очи ќе му истера, а ова ненормалниов аманџија не сака ништо да вклучи во него, да уштека: бор-машина, вентилатор, масажер, апарат за кафе, фрижидер, термо печка. Толку ли прост народ има кај нас, да се греат само на парно, да не вклучуваат и печка…вибам тоа скржавите, се мрзнете дома, а ваму… Нов предлог закон. Ако некој дома има штекер, кој си седи така, и животот му минува бесцелно, да плати по 500 ден.(пет стотини денари по пластична единица) паушален трошок за струја. Па + ова европскиве пријатели, ЕВН, ни помогнаа кога беше најтешко, ја купија

Електродистрибуција, а сега, ништо ли да не земат? И тие мора да си купат леб, млеко, кобасици, зелка… Затоа велам, да се воведе и паушал за струја, ќе има и за нив, и за Владата, автоматски и за буџетот, а буџетот е за народ, а народот – тоа сме сите ние. (А овие скржавциве што не им се плаќа струја, бензин, парно… тоа се ненародни елементи, и поарно да фаќаат сиктер од нашава здрава средина).

АВТОР: Тихомир Јанчовски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.