НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експерти: Државата не направила ништо за да се спречат поплавите

1
By Менче Атанасова Точи on August 6, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Општина Тетово не била подготвена да се справи со поројните дождови. Велат дека вакво нешто никој не очекувал, никој не бил подготвен за ова. Се правдаат дека годинава не добиле доволно нафта за да се исчистат коритата на реките.

„Од Министерство за животна средина годинава ни одобрија 6 тони нафта кои не се доволни за да се исчисти целото речно корито и ние повеќе бевме концентрирани на селските реки каде во април ни се случуваат поплави. Никој не беше подготвен за ова. Минатата година добивме 20 тони нафта, што беше доволно за да се исчистат коритата во Порој, Речица и Тетово, а годинава добивме само шест тони, што е многу малку“ велат во Секторот за односи со јавноста во Општина Тетово.

Експерите кои ги контактираше НОВА, велат дека можело да се направи многу за да не дојде до ваква катастрофа доколку се следеле препораките, правилата и стандардите од Европската легислатива.

Епилогот од поплавите се изгубени пет човечки животи, од кои три се деца, има повеќе од 20 повредени и голема материјална штета.

Телото на едно од децата ,на шестодишната Дрита Амети три дена по катрастрофалната поплава во Шпиковица, се уште не е пронајдено.

Дури 50 проценти од жртвите во ваквите непогоди се деца, од причини што тие не знаат како да се заштитат, велат статистичките податоци на глобално ниво. Поројните дождови се случуваат бргу, а потенцијалниот ризик и опасноста се големи.

Во светот во просек од поплави животот го губат по 14 лица дневно.

Експертите велат дека Македонија е меѓу најерозивните држави во Европа. Особено ова се однесува теренот на западна Македонија кој е исклучително поволен за развој на поплави.

Реката Пена е една од најстрашните поројни реки во државата, која направи катастрофална поплава во 1979-та година.

Џепчишката река пак, во последната деценија има надојдено неколку пати при што го затрупува со нанос патот Тетово – Јажинце. Експертите потенцираат дека исто така опасни се и реките од Порој, Мала Речица, Лешочка река, водоненини кај селата Слатино и Теарце, Бистрица и Вратничка река.

Од картата на Flood Portal од 2012 година, каде што има дата база на поплави во последните 40 до 50 години, се гледа дека регионот околу Тетово бил најпогоден од поплавите од цела држава.

Токму заради ваквата состојба, во 2013 година двајца пратеници од опозициската СДСМ, Стојко Пауновски и Игор Ивановски поднеле амандмани со кои од Буџетот на државата се бара да се одвојат 6 милиони евра за чистење на коритото на реката Пена, како и целиот речен слив по течението на Вардар. Но, во Собранието амандманите биле одбиени.

Зошто досега државата не преземала сериозни мерки за заштита на овој регион, останува непознато.

Во минатото Пена била уредувана повеќе пати, почнувајќи од 30 година во 19 век, а последен пат во 1980 година кога во Македонија дошол еден од најголемите светски експерти за уредување на порои Ираклиј Херхеулидзе, по чиј проект се изградени и решеткасти прегради за задржување на наносите. Од тогаш наваму, не е направено речиси ништо.

„Сето ова треба да се одржува. Од осамостојувањето на државата, особено во последните години не е направено ништо за да се спречат овие природни катастрофи, освен што се вршеле чистења на коритата“,објасува за НОВА, професорот Иван Блинков, кој е специјалист за ерозија и уредување на порои.

Блинков потенцира дека, со оглед на климатските промени, опасноста од поројните и речни поплави се зголемува, а бесправната сеча на дрва значително влијаат на опасноста од ерозија и порој.

Временските непогоди се надвор од моќта на луѓето, но заштитата е во моќата на луѓето, вели инжењер Томо Черепналковски кој бил директен учесник и работел на лиење на елементите на браните на реката Пена во почетокот на осумдесетите години, во проектот за Противбуична заштита на реката Пена.

Еве што за НОВА, вели Черепналковски.

„Имав среќа да и јас учествував во еден дел од реализацијата на овој проект кој го изведуваше фирмата во која бев вработен Градежното претпријатие Маврово од Скопје. Проектот се состоеше од изградба на шест Решеткасти противбуични брани од типот Хереулидзе, низ целото течение на реката. Функцијата на овие брани беше, да при големи поројни дождови и големи буици на реката, во првиот налет на силината на водата, таа да удри во првата,најгорната брана , а со тоа се намали силината на реката.

При тоа водата поминува низ решетките, но со намалена јачина, а истото се правеше на втората, третата, се до шестата брана која беше најблиску до Тетово, така што после поминувањето на шестата брана реката Пена во Тетово веќе беше смирена. На тие решеткасти брани остануваше се што со себе носеше реката Пена.

Локалната самоуправа имаше обврска, при секои вакви или слични ситуации да ги исчисти тие брани од дрва, камења, смет кои ги носеше со себе Пена,а кои се задржуваа на решеткастите брани. Доколку тоа не се прави, а очигледно не се правело, овие брани со време ќе се наполнат со дрва, камења и слично и веќе не ја вршат функцијата за која се изградени, туку стануваат затнати брани кои секогаш се полни со вода или воопшто ги нема, затоа што се исполнети со наноси“, објаснува Черепналковски за НОВА.

Тој смета дека доколку се обрнело внимение на одржувањето на овие брани немало да дојде до вакви штети, а особено до губење човечки животи.


Ова се шестте брани на реката Пена, кои ги опишува ижењер Черепналковски.

Што се случувало критичниот ден, кој потфрли и дали можеше да се спречи губењето на човечки животи?

Во Управата за хидрометеролошки работи велат дека вакви појави, односно поројни поплави е многу тешко да се предвидат , а особено е тешко да се посочи каде би се случила вакава појава. Како и секогаш и во оваа ситуација за можна појава на интензивни врнежи ги информирале одговорните во Центарот за управување со кризи, но точната локација од УХМР не биле во можност да ја предвидат .

Проблемот е што УХМР не располага со модерна опрема која би се распоредила за да се лоцираат и предвидат поројните дождови.

„ За подобрување на предвидувањата потребни ни се поголем број автоматски инструменти и тоа на релативно високи надморски височини на планините, но и редовна работа на радарските центри. Постојано бараме финансиски средства од Буџетот за набавка на инструменти и нивно одржување но, средства нема доволно“ изјави за НОВА Васко Стојов, раководител на оделение при Секторот за хидрологија во УХМР.

Во вакви ситуации УХМР е должна да го извести Центарот за управување со кризи, чија задача е веднаш да го алармира и евентуално да го евакуира населението.

Тоа е еден од факторите во целиот сплет на институции од кои секоја треба има своја задача и цел на делување. Дали соработуваат меѓу себе и колку од нив си ја вршеле работата, е прашање на кое дури сега се бараат одговори.

Стојов додадава дека допoлнителен проблем е што станбени објекти се градат на места каде што не треба да се гради, а урбанистичките планови не водат грижа за опасноста од поплавите.

„Урбанистичките планови треба да водат сметка за заштита од поплави, а најдобра заштита од интензивни врнежи е водата да се задржи во сливните подрачја каде паѓа, или пак да се оддолжи нејзиното истекување. На тој начин врвот на поплавниот бран би бил помалку штетен. Општината треба да има механизам како да го спроведе тоа“, вели Стојов.

И професорот Блинков потенцира дека пресудно е урбанистичкото планирање, бидејќи не треба да се планираат објекти за домување во подрачја каде што има ваква закана. Таму треба да се градат зелени површини и улици, а во опасната зона задолжително да се прават одбранбени насипи , како и чистење на коритата.

Блинков кој во моментот работи на два проекти за организациска и институцинална поставеност, како и за преземање на мерки за заштита во вакви ситуации, вели дека секоја општина има изработено процена на загрозеност од природни опасности, но тоа е само евиденција, не и детална карта на опасност.

Според него секоја општина треба да има детални карти за опасност.

„Врз основа на картата на опасност и наведените параметри с е изработува и карта на ризици. Во овој случај урбанистичкото планирање е можеби пресудно. Затоа сметам дека во Правилникот з а подготовка на урбанистички планови каде што ова не е конкретно наведено, мора да се вметне и овој сегмент.“, вели Блинков.

Податоците говорат дека само 14 одсто од директивите на Европската Унија кои се однесуваат на оваа проблематика се имплементирани во македонското законодавство.

„Во последните години се работи само на чистење на коритата на водотеците. Тоа е позитивна активност, но е само мал сегмент од справување со овие појави. Постои и директивата за поплави на ЕУ која според анализите на ЕКРАН е само 14% транспонирана во македонската легислатива. Всушност, во согласност со оваа директива треба да с е направи т.н. Прелиминарна оценка на ризикот од поплави, да се изработат карти на опасности и карти на ризици и да се подготват Планови за управување со поплави на ниво на речен слив.

Досега во РМ нема направено ниедна ваква карта, освен прелиминарна оценка на ризикот за река Струмица, проект кој е во тек. Ниту пак, е направена карта на опасност, карта на ризики или план за управување со поплави“, вели експертот за ерозија и уредување на порои, Иван Блинков.

Тој објаснува дека не е доволно да се изгради некој канал, а сливот да остане неуреден. Во таков случај, при првиот појак дожд, наносите кои се продукт на ерозија ќе го преполнат каналот и ќе дојде до поплава или обратно.

Експертите велат дека превентивата е многу значајна. Освен што локалната самоуправа и државата треба да ги прават споменатите активности за да се намали ризикот, треба да постои и свест кај граѓаните за да не придонесуваат за зголемување на опасноста, да не се фрла ѓубре во коритата и во доловите, да не се складираат дрва или цврст отпад .

Во Локалната самоуправа, во општина Тетово велат дека имаат Акционен план за справување во вакви ситуации. Но, неколкумината одговорни за оваа проблематика кои ги контактираше НОВА, не знаеја да кажат што точно содржи овој план. Сите потенцираа дека се изненадени бидејќи поплавите ги очекувале во април, а не сега. Повеќе комисии на терен во моментот утврдуваат од што настанале поплавите и колкава е настанатата штета.

Во Македонија регистрирани се 1537 порои. Досега потполно се уредени, со шумско-технички, агро-технички, и хидротехнички мерки, околу 300 порои. Пороите носат се пред себе, поплавени објекти, уништена инфраструктура, и најстрашно од се човечки жртви.

Стручањаците велат дека треба да се пошумуваат голи ерозивни терени, да се врши одржување на шумските екосистеми, елиминирање на бесправни сечи, да се прават одржливи земјоделски практики, како и контролирано напасување на добиток, разни ретензивно-технички структури на падините, градба на прегради за задржување на наносите и слично. Во тој случај шумскиот екосистем максимално би ја вршел својата улога, односно би задржал голем дел од дождовните води но, и би се минимизирала продукцијата на ерозивен материјал.

Зошто во Македонија, особено во западниот регион со години не се правело ништо во овој сегмент, зошто биле запоставувани браните, дали некој воопшто ќе одговара за се она што можело и требало, а не се направило? Одговорите на овие прашања треба да ги даде Локалната самоуправа во Тетово, Владата, Македонски шуми, Министерството за животна средина, како и сите државни институции инволвирани во оваа проблематика.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025
ФОКУС

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

ВЕСТИ August 24, 2025

Германскиот весникк „Велт ам Зонтаг“ (Welt am Sonntag) повикувајќи се на неименувани европски дипломати објави…

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.