Индиската полиција уапси петмина од силувачите на туристката од Швајцарија. Уапсените го признале делото, а полицијата трага уште по двајца или тројца осомничени. Швајцарската учителка(39) и нејзиниот сопруг водоинсталатер сакале три месеца да го поминат својот одмор во Индија. Патувале со велосипеди кон Њу Делхи, а кога сакале да постават шатор за да преспијат во близина на индиската држава Мадхија- Прадеш, биле нападнати од вооружена група. Силувачите го претепале нејзиниот сопруг и го врзале на дрво за да гледа додека тие брутално ја силувале неговата сопруга.
Овој напад доаѓа само три месеци по фаталното силување на млада жена во автобус во Њу Делхи. Женските организации побараа построги казни во законите за силувачите и ја обвинија индиската влада дека не води грижа за насилството врз жените.
Изминатите три месеца имаше серија протести чија мисија беше да се натера владата сериозно да размислува за решенија за безбедноста на жените во Индија. Според статистиките на меѓународните организации за човекови права на секои 20 минути во Индија е силувана по една жена.