На граничниот премин Ќафасан е спречен шверц на околу 40 килограми марихуана, со
што е пресечен меѓународен канал на релација Македонија-Албанија-Италија со крајна дестинација нарко пазарот во Швајцарија.
По претходно добиено сознание за можен транспорт на наркотична дрога на марихуана, вчера на излез од Македонија на преминот Ќафасан полицијата запрела ТМВ Ман влекач со охридски регистерски ознаки, управуван од Х.Л.(34) од Струга.
Дрогата била пронајдена во легалниот товар, односно во 19 собни врати во кои имало специјално направени бункери.
Пронајдени се 71 полиетиленско пакување правоаголна форма-пресувани, исполнети со наркотична дрога марихуана.