„СДСМ очигледно продолжува да си го реализира својот план за креирање на алиби за непризнавање на изборните резултати и волјата на граѓаните на Република Македонија. Неколку пати медиумите и експертите, посочија дека опозицијата спрема вакво сценарио и алиби за да го оправда својот пораз на овие локални избори“, се вели во рекцијата на ВМРО – ДПМНЕ по денешната објава на СДСМ дека на Избирачкиот список има 345 фантомски гласачи.
„И оваа денешна прес конференција е само една од низата прес конференции и активности на СДСМ во последната недела за да го оправдаат изборниот пораз, посебно после јасните информации кои им пристигаат од теренот, дека немаат никаква подршка за нивните кандидати“, стои во писмената реакција на ВМРО – ДПМНЕ.
„СДСМ на овие избори не се занимава ниту со програми, не се занимава ниту со проекти, ни со конкретни работи што ги интересираат македонските граѓани. СДСМ на овие избори еднинствено со што се занимава е да си најде алиби за својот очигледен пораз“ велат во ВМРО – ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да дозволат да влезат во сценариото на СДСМ и јавно кажуваат дека немаат никаква врска со нивните наводи и набедувања.
Очекуваме, велат од ВМРО – ДПМНЕ, овој тренд од нивна страна, кој што треба да креира атмосфера со која тие ќе пробаат да ги оспорат изборните резултати, да продолжи до самиот изборен ден.