Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентите лути на лошите услови во домот „Гоце Делчев“ 

0
By Нова ТВ on March 21, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 21, 2013 11:53

И во 21-от век студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ живеат во ужасни услови. Срушени ѕидови, водоводни цевки кои протекуваат, соби кои мирисаат на влага, застарена електрична инсталација, слабата термо и звучна изолација од прозорците и вратите кои не се затвараат се само дел од проблемите со кои секојдневно се соочуваат младите луѓе.

Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се сместени околу 1200 студенти. Поголемиот дел од нив едвај чекаат да завршат со студиите и да заминат од домот.
Велат, ако сакаме основни услови за живот од дома си носиме голем дел од работите, сами си ги бојадисуваме собите, но не сме моќни да се бориме со влагата која се појавува по ѕидовите и плафоните од цевките за довод, одвод и парното греење. Храната е ладна и еднолична, а бањите се најлошиот дел, констатираат студентите, топла вода има, ама староста на објектот си го направила своето.

Студентите велат дека надлежните постојано ветуваат дека домот ќе се реновира, но сеуште нема ништо од таквите најави. Радио Моф ја побара и директорката на Државниот студентски центар „Скопје“, Даниела Темелкова, но по една седмица упорни обиди, не успеавме да добиеме одговор на повикот.

Во продолжение и низ фотографии, еве како се живее во СД„Гоце Делчев“.

Добринка Темелкова

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.