Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Награда за кураторство за Сузана Милевска

0
By on March 21, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 21, 2013 21:12

Меѓу добитниците на престижната награда за кураторство на Фондацијата за
уметнички иницијативи (The Foundation for Arts Initiatives) оваа година за прв пат се најде и куратор од Македонија.

Станува збор за Сузана Милевска, кураторка и теоретичарка на уметноста и
визуелната култура која ја доби наградата за независни истражувања и кураторски проекти што оваа меѓународна Фондација ја доделува уште од 1999 година.

Наградата во износ од 7.500 УСД. се доделува по пат на тајно номинирање и гласање од страна на Советот на Фондацијата, а наградата ја добиваат кураторите кои според околу 120 членови на оваа Фондација со своите проекти придонеле кон оригиналното и експерименталното размислување во областа на современата уметност.

Милевска докторирала во 2006 на Колеџот Голдсмитс во Лондон, добитничка е и на престижните награди АЛИС за политичко кураторство (за проектот „Машина за преименување“) и пред неколку месеци – на наградата за теорија и култура „Игор Забел“.

Милевска одржала предавања на многу прeстижни академски и уметнички институции во светот како што се Универзитетот Алвар Аалто и aкадемијата за ликовна уметност во Хелсинки, Универзитетот Оксфорд, Школата на Уметничкиот институт во Чикаго, Универитетот Колумбија во Њујорк, Академиите за ликовна уметност во Виена, Венеција и Берлин, како и во музеите Тејт во Лондон, КИАЗМА во Хелсинки, Модерниот музеј во Стокхолм, МУМОК во Виена и ЦАМК во Кумамото (Јапонија)

Во 2005 беше една од кураторите на Меѓународното биенале во Националната
галерија во Прага, а во 2011 година, една од иницијаторите на Ромскиот павилјон на Венециското биенале.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.