НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милошоски: Европската комисија во Извештајот ги препозна владините реформи

0
By Влатко Чаловски on November 10, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Република Македонија повторно доби извештај со препорака и тоа е извештај коишто гарантира дека оваа држава има капацитет за успешно да ја задржи препораката. Но, за жал Еврпоскиот совет, не веруваме дека во овој момент има капацитет да постигне едногласност за оваа препорака да ја преточи во одлука за почеток на преговорите, изјави Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

Тој вели дека земјата продолжува напред, и покрај обидите на СДСМ да ја втурне во политичка криза која што ја креирале Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

– Со извештајот стана јасно дека сите напори што ги вложи владата на Република Македонија, предводена од коалицијата каде што ВМРО-ДПМНЕ има клучна улога, сите реформи за приближување кон Европската Унија се препознаени и признаени од страна на Европската комисија, и тие во економијата, и тие во земјоделието, и во областа на безбедноста и владеењето на правото и во сите други сфери кои што беа дел од оценување на извештајот, изјави Милошоски.

Според него, тоа што извештајот има препорака е најголем доказ дека капацитетот на Република Македонија е многу посилен од деструктивните политики што ги водел СДСМ изминативе девет месеци.

– Кога во извештајот ќе се прочитаат редовите каде што пишува дека бојкотот на Собранието сериозно влијаеше врз контролната функција на законодавната над извршната власт станува повеќе од јасно дека СДСМ и пред изборите 2014 година, а и потоа после изборите веќе имал јасно скроен план за тоа како ќе настапува после изборите и која била целта на бојкотот на Собранието, а тоа е да се предизвика политичка криза која што ќе создаде внатрешна домашна политичка и економска нестабилност, а истото тоа ќе се одрази и на извештаите, напомена тој.

Милошоски смета дека Извештајот бил тежок пораз за деструктивната политика на СДСМ а потврда за капацитетот на земјава да биде, не само кандидат, туку и земја која што може да ги отпочне преговорите за членство со ЕУ.

На новинарско прашање, како ги коментира забелешките за недостаток од политичка волја во борбата против корупцијата која е “широко распространета“ според Комисијата, и недостатокот од политичка волја во имплементацијата на реформите, Милошоски се повика на меѓународни извештаи кои ја рангирале Македонија се подобро.

– Македонија не е идеална држава ниту совршена. Да беше совршена ќе беше можеби како Норвешка или Швајцарија. Но она што можеме да го мериме според факти, се одредени меѓународни индекси. Според Транспаренси Интернешнл во 2006 година Македонија беше на 106.место а во 2014, 64.место, што е голем скок, одговори Милошоски.

Во однос на постојаните забелешки за судството од страна на Европската комисија, Милошоски смета дека тоа е поради приближувањето кон ЕУ, кога напоредно се стеснувале и станувале построги мерките од страна на Брисел.

– Тоа значи дека земјата напредува и се приближува со својот капацитет кон она што значи подготвеност за почеток на преговорите со ЕУ, коментираше Милошоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.