Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Француска графика во „Остен“

0
By on March 22, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 22, 2013 14:37

Во организација на „Остен“, Националната комисија на франкофонијата на РМ и Асоцијацијата на архитектите на Македонија, во галеријата „Остен“ е отворена изложба „Француска графика“ на која се претставени 38 дела на сликари од Франција. Изложбата е дел од одбележувањето на Светскиот ден на франкофонијата и за посетителите ќе биде отворена до крајот на месецов.

Изложени се графики, цртежи, литографии од Масон, Делонеј, Годар, Видалон, Тобијас, Пињон, Кудрен и други француски автори од колекцијата на галеријата „Остен“. Поставката ја отвори амбасадорката на Франција Лоренс Оер, а за француската графика се осврна македонскиот сликар Глигор Чемерски.

Амбасадорката Оер истакна дека со изложбата се одбележува заедничката историја и уметност што ја споделуваат Македонија и, како што рече, земјата заштитничка на уметноста – Франција.

– Изложени се голем број дела на француски уметници на кои им се восхитуваме. Набргу се планира и една многу поголема изложба, во рамките на Деновите на Европа, на која ќе бидат изложени делата на Вазарели и на други уметници. Станува збор за долгогодишна и богата соработка и уште повеќе ќе ја збогатуваме преку уметничките фондови на Франција. Искрено се надеваме дека Франција ќе има можност да изложи што повеќе дела и така таа подобро да се запознае, рече Оер. Таа најави и многу активности идната година кога Францускиот институт ќе одбележи 40 години постоење.

Македонскиот ликовен уметник Чемерски рече дека изложбата ги презентира творбите на француската сликарска авангарда, како Анре Мино, чии ремек-дела восхитувале на Сен Жермен, или Жорж Брак, за кој рече дека заедно со Пикасо ја изменил оптиката на цел 20 век – „херојскиот период на сликарството“.

– Во овие дела е духот и здивот на големите мајстори… Се работи за извонредно рафинирана, суптилно избрана колекција на „Остен“, кој е редок пријател и негувач на цртежот и графиката во едно време во кое тие, за жал, кај нас се запоставени, рече Чемерски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.