Денеска околу 14.10 часот, од непознат странски број на скопскиот аеродром се јавило машко лице, кое пријавило бомби на скопскиот и охридскиот аеродром, после што ја прекинало врската. Екипите за антитероризам се на аеродромите и го испитуваат инцидентот, додека во меѓувреме веќе се евакуирале аеродромите. Портпаролот на МВР Иво Котевски за НОВА изјавува дека се работи за лажна тревога, со мала заддршка, затоа што инцидентот се уште се истражува.
Инаку, викендов, за време на предизборието и дента на изборите се најавуваа голем број чартер-летови на двата аеродроми.