Во 4 часот утрово, фрлена е бомба на куќата на Веселин Јевросимовиќ, претседател на компанијата „Комтрејд Груп“ и воедно сопственик на македонската телевизија Алфа, пишува српски “Блиц”. Нема повредени иако во моментот на експлозијата во куќата биле сопругата и детето на Јевросимовиќ, според неговите зборови:
Во куќата во тоа време беше мојата дванаесетгодишна ќерка, но за среќа, никој не е повреден. Никој никогаш не ми се заканувал и не знам што би можело да биде мотив за нападот. Ние не сме компанија која се занимава со криминал, ниту имаме било каква врска со криминалот. Ова, според мене, е удар врз слободните медиуми, но тоа нема да ме обесхрабри – изјавил Јевросимовиќ.