Во просториите на гиманзијата „Кочо Рацин“, во Свети Николе во монентов се наоѓаат членови на една партија и уште 100-тина граѓани, велат за НОВА насобраните членови на другата партија.
Според нашата екипа која е на терен членовите и активисти на партијата дошле во гимназијата околу 20 часот, која во истовреме е одредена за гласачко место на две изборни единици, a како изговор навеле дека имаат родителска средба.
Свирежи и извици Уа се слушаат од членовите на другата партија и граѓаните кои ја заобиколија зградата на гимназијата.
Тие кога дознале дека во гимназијата има луѓе ја известиле полицијата која во монетов е на терен.
Сепак командирот на полицијата на Свети Николе не упати за информации кај повисоките инстанци во МВР. Во дворот на гимназијата е и обвинителот.
Насобраните луѓе бараат да дојдат претставници на ОБСЕ и ОДХР за да извршат увид на ситуацијата.
Тие обвинуваат дека членовите од спротивниот табор дошле по своите хонорари и да кројат стратегија за утрешните избори.