НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ: Безброј нерегуларности и злоупотреби

0
By Нова ТВ on March 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


MOСТ на прес-конференцијата во 13 часот информираше за нерегуларности на гласачките места.
НОВА дознава дека лидер на една политичка партија не можел да се пронајде на избирачкиот список, за што биле информирани набљудувачите

Ова се нерегуларностите за кои информира МОСТ:

Гласачко место 1917 село Велешта општина Струга, забележано е групно гласање, семејно гласање, присуство на неовластено лице кое им помага на гласачите позади параванот. По пристигањето на полицијата лицето си заминало.

Гласачко место 2158 во општина Велес гласањето било во прекин 35 минути поради забелешката на претставник на политичка партија дека недостасува гласачко ливче. ИО утврдил дека се е во ред со гласачките ливчиња по што гласањето продолжило.

Гласачко место 2692 општина Аеродром ИО ги чита на глас имињата на гласачите. По реакцијата на набљудувачите на подносителите на листи имињата се читаат само потивко. На набљудувачот на еден од подносителите на листи од страна на ИО му е одземен списокот на кој ги евидентирал имињата на лицата кои го оствариле своето право на глас.

Гласачко место 0931 општина Кратово имало прекин на гласањето од 10 минути поради скршен печат. Печатот е поправен и е продолжено со гласање. ИО на ова гласачко место ги чита на глас имињата на гласачите.

Читање на глас на гласачите е забележано и на следните гласачки места:
Гласачко место 2809 општина Центар, ИО ги чита на глас имињата на гласачите. Образложението било дека се договориле така со набљудувачите на подносителите на листи.
Гласачко место 2638 општина Карпош,
Гласачко место 2816 општина Центар
Гласачко место 2642 општина Карпош
Гласачко место 2650 општина Карпош

Гласачко место 2860 Општина Центар ИО по грешка му дал на гласачот 2 ливчиња за Совет на Град Скопје. По увидената грешка на гласачот му е наложено едното ливче да го направи неважечко и да го покаже пред ИО. Гласачот одбил да го стори тоа и ги пуштил двете ливчиња во кутијата.

Гласачко место 0674 општина Кавадарци, гласач е фатен како го слика гласачкото ливче, при што и двете ливчиња му се одземени од страна на ИО, исто така одземена му е и личната карта и повикана е полиција. Гласањето продолжило.
Гласачко место 0648 општина Демир Хисар, дошло до прекин на гласањето бидејќи еден гласач откако го земал материјалот за гласање отишол позади параванот, по што во афект ливчињата ги оштетил и со нив го напуштил гласачкото место. Полицијата го нашла, му ги одземала ливчињата и истите се вратени во кутијата. Гласањето било во прекин 30 минути по што продолжило.

Гласачко место 1584, општина Радовиш во гласачкото место имало неовластени лица кои сугерирале на гласачите како да гласаат, истите по реакција на претставник на политичка партија биле отстранети од страна на полицијата.

Гласачко место 0845 општина Кочани, прекин на гласањето поради гужва на гласачкото место и поради тоа што претседателот на ИО на некој од гласачите на глас ги читал имињата на кандидатите, по реакција на ОИК, изречено е предупредување до претседателот на ИО и гласањето продолжило.

Гласачко место 1966 општина Тетово, злоупотреба односно некористење на УВ ламбата во повеќе од 20 случаи.

Гласачко место 2731 општина Аеродром, член на ИО ставил 4 гласачки ливчиња во ташна, на што реагирал претседателот на ИО, при претресот на ташната најдени се само 3 ливчиња, повикана е полиција, гласањето е било кусо во прекин, по што продолжило, сеуште се чека полицијата.

Забележана е појава на набљудувачи кои се појавуваат на ИМ само со акредитации од ДИК и се преставуваат како набљудувачи на МОСТ. Напоменуваме дека на овие избори единствени овластени набљудувачи на МОСТ се оние граѓани кои покрај акредитацијата од ДИК имаат овластување од МОСТ и носат жолта маичка на која е испишано Мониторинг 2013.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.