МТВ 1 зазема страна на изборите
Според потадоците со кои располага Советот за радиодифузија од мониторингот на медиумското покривање на изборната кампања, МТВ 1 на својата програма отстапила 5 часа, 25 минути и 19 секунди за коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ додека за изборните активности на опозициската коалиција предводена од СДСМ биле посветени 2 часа и 40 минути.
Оваа речиси двојна разлика е уште поголема кога станува збор за Македонското радио. На програмата на МР прва програма, за активностите на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ се посветени 6 часа 35 минути и 12 секудни додека за опозицијата само 2 часа 17 минути и 38 секунди.
Проблемот со непропорционалната покриеност на изброните кампањи од страна на Јавниот радиодифузер беше забележан и во извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДХР.
Јавниот радиодифузер МРТ не обезбеди изедначено покривање на кампањата. Првиот канал на МРТ, МРТ 1, посвети 29% од вестите на владата и 27% на ВМРО-ДПМНЕ во главно со неутрален или позитивен тон. СДСМ доби исклучиво неутрален или негативен тон,се наведува во извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДХР.
Инаку МРТВ согласно законот како јавен сервис е должна да обезбеди поденакво време за сите учесници во изборната трка.