Изјава од Амбасадата на САД по повод смртта на Никола Младенов:
Со жалење ја примивме веста за смртта на Никола Младенов во сообраќајна несреќа вчера.
Го упатуваме нашето најдлабоко сочуство до семејството и многуте негови пријатели во Македонија.
Ироничните, духовитите и понекогаш саркастични опсервации на Никола, беа важен дел на неговата искрена проверка на општеството, што е толку важно за постоење на еден отворен и динамичен јавен дијалог. Тој глас многу ќе недостасува.