Синоќа во Скопје, на Проф. Дона-Колар и беше доделена наградата за придонес во комуникациската област PRO PR Awards.
Оваа награда всушност претходно ја доби во Опатија, македонската професорка по комуникации и светски признат стручњак во оваа област, Дона Колар Панов, вчера во Опатија доби награда за придонес во комуникациската област PRO PR Awards.
Во образложението на наградата се вели: “Со својата визија и амбиции, припаѓате во ретките професионалцикои успеаа да ја поврзат теоријата со практиката на односите со јавност во почетоците на создавање на оваа професија во Македонија. Благодарејќи на вашиот предан и огромен труд, вашето богато знаење го пренесовте на бројните студенти. Со континуирано пратенње на трендовите и нивната имплементација во пракса, допринесовте односите за јавност Македонија, нималку да не заостануваат во светското образование.”
Проф. Колар- Панов е автор на голем број книги и публикации, од кои најмногу цититрана е
Video, War and Diasporic Imagination на издавачката куќа Рутлиџ, 1997, издадена во 11 едиции и ре-публикувана во 8 различни електронски формати, од 2001-2010.
Таа во моментов е декан на Факултетот за комуникации на Меѓународниот Балкански Универзитет -Скопје.